YouTube
служба за вдомување на видеоснимки / From Wikipedia, the free encyclopedia
Јутјуб (МФА: /ˈjuːtjuːb/, англиски: YouTube), одомаќинето во Македонија како Јутуб[1][2] (МФА: /ˈjuːtuːb/) — популарно мрежно место за размена на видеоматеријали каде што корисниците можат да поставуваат, гледаат, коментираат и оценуваат видеа од различен тип. За да се постави видеосодржина потребна е регистрација, додека за гледање не е (освен во случаите кога материјалот е забранет за помлади од 18 години). Спрема правилата на користење корисниците можат да поставуваат свои изработки или изработки за кои ги имаат допуштено авторските права од корисникот, а забрането е поставување на порнографски материјал, насилство, содржина кој поддржува криминал и слично. Јутјуб го задржува правото на користење, преработување и бришење на поставениот материјал.
Вид | Компанија со ограничена одговорност |
---|---|
Основано | 14 февруари 2005 |
Основач | Стив Чен Чед Хрли Џод Карим |
Седиште | Сан Бруно, Калифорнија, САД |
Опслужувани подрачја | светски |
Клучни личности | Чед Хрли (Извршен Директор) Стив Чен (Главен Инженер) Џод Карим (Советник) |
Сопственик | Гугл |
Вработени | 2.000 (2019) |
Мреж. место | YouTube.com |