From Wikipedia, the free encyclopedia
Xenacoelomorpha — колено на мали и многу едноставни двострани животни, во кое спаѓаат потколената Xenoturbellida и Acoelomorpha. Првичната причина за заедничко групирање на овие две групи биле морфолошките синапоморфии,[1] кои подоцна биле потврдени со филогеномски анализи на молекуларни податоци.[2][3] Xenacoelomorpha еволуирале како сестрински клад на Бубрежни.
Xenacoelomorpha | |
---|---|
Proporus sp. | |
Научна класификација | |
Домен: | Еукариоти |
Царство: | Животни |
Колено: | Xenacoelomorpha |
Потколена | |
Кладот Xenacoelomorpha, во кој се групирани Acoelomorpha и родот Xenoturbella, бил откриен со помош на молекуларни истражувања.[2] Првично се сметало дека кладот припаѓа на второусните (деутеростоми),[3] но поновите анализи на транскриптомот заклучиле дека тој е всушност сестринска група на кладот Бубрежни, кој ги опфаќа второусните заедно со првоусните (протостоми). Од овие причини Xenacoelomorpha се смета за најбазалниот клад на двостраните животни.[4][5]
Кај сите припадници на Xenacoelomorpha недостасува типичен стоматогастричен систем, односно, тие немаат вистински гастроинтестинален систем. Кај Acoela, устата се отвора директно во голем ендодермален синцитиум, додека кај Nemertodermatida и Xenoturbellida постои вреќесто „црево“ кое е обложено со слој на клетки без трепки.[6]
Нервниот систем е базиепидермален, односно, се наоѓа веднаш под епидермисот. Кај Xenoturbellida тој се состои од едноставна нервна мрежа, без каква било посебна концентрација на неврони, додека кај Acoelomorpha тој се состои од серија на надолжни снопови кои се обединуваат во предниот регионот со прстенеста комисура, која има варијабилна комплексност.[7]
Сетилните органи ги вклучуваат статоцистот и, кај некои групи, две едноклеточни оцели.[6][7]
Епидермисот на сите припадници на Xenacoelomorpha поседува трепки (цилии). Трепките се изградени од збир на девет пара на периферни микротубули и еден или два централни микротубули (9+1 и 9+2, соодветно). Паровите 4-7 завршуваат пред врвот, градејќи структура која се нарекува „полица“.[8]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.