Windows 7
From Wikipedia, the free encyclopedia
Windows 7 е четвртата последната верзија на оперативниот систем Microsoft Windows, најпопуларен производ на американската корпорација Microsoft и член на семејството Windows NT оперативни системи. Windows 7 е пуштен до произведувачите на хардвер и софтвер во САД и Канада на 22 јули 2009, со што беше објавен и конечниот датум (22 октомври 2009) за официјално пуштање во продажба на новиот оперативен систем. Исто така истиот датум се планира и за пуштање во продажба и на неговиот "колега" Windows Server 2008 R2 кој е наменет за опслужувачи. Објавен е и конечниот датум (1 јули 2011) за пуштање во продажба и на последната верзија од Windows заснована од овој оперативен систем, право Windows Embedded POSReady 7. За разлика од својот претходник Windows Vista која внесе голем број на новости, Windows 7 има намера повеќе да се фокусира на компатибилноста, односно да биде компатибилен со што е можно повеќе хардвер и програми. Ново за овој оперативен систем е multi-touch технологијата, а исто така редизајнирана е и старт лентата. Windows 7 беше и останува оперативен систем за лични сметачи, лап-топи, таблет лични сметачи и медија центар компјутери, а беше заменет со Windows 8 во јануари 2013.