From Wikipedia, the free encyclopedia
WR 142 — Волф-Рајеова ѕвезда во соѕвездието Лебед, исклучително ретка ѕвезда на WO кислородната низаа. Таа е прозрачна и многу жешка ѕвезда, високо развиена и близу до експлозија како супернова. Се претпоставува дека е двојна ѕвезда со придружник што орбитира на растојание од околу 1 ае.
Податоци од набљудување Епоха J2000,0 Рамноденица J2000,0 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 21м 44,3с[1] |
Деклинација | +37° 22′ 30,56″[1] |
Прив. величина (V) | 12,94[2] |
Особености | |
Спектрален тип | WO2[3] |
Привидна ѕвездена величина (J) | 9,538[1] |
Привидна величина (H) | 8,889[1] |
Привидна величина (K) | 8,596[1] |
U−B Боен показател | −0.29[4] |
B−V Боен показател | +1,43[5] |
Астрометрија | |
Сопствено движење (μ) | Рект: −6,270[6] млс/г Дек.: −3,422[6] млс/г |
Паралакса (π) | 0.5755 ± 0.0284[6] млс |
Оддалеченост | 5.700 ± 300 сг (1.740 ± 90 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −3,13[7] |
Податоци | |
Маса | 28,6[7] M☉ |
Полупречник | 0,80[7] R☉ |
Сјајност (болометриска) | 912.000[7] L☉ |
Температура | 200.000[7] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 1.000[2] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
Во 1966 година, потрагата по Волф-Рајеови ѕвезди на северната небесна полутопка открила седум нови примероци. Една од нив означена е како Стефенсон 3, и класифицирана како WC.[8] Подоцна беше откриено дека покажуваат невообичаени оддавни линии на високојонизиран О VI.[9] Поради невообичаените кислородни линии, кои се забележани само кај неколку други ѕвезди, и беше определен спектрален тип WC5pec во Шестиот каталог на галактички Волф-Рајеови ѕвезди.
Во 1981 година, е опишана како WC-OVI ѕвезда, таа беше препознанена како припадник на активниот ѕвездообразна област ON2 [10] а подоцна тешко забележливо расеано јато наречено Беркли 87, 9,5 јужно од црвениот супеџин BC Лебед .
Во 1982 година, WC-OVI ѕвездите беа класифицирани како членови на новата WO класа. Класата во тоа време се состоела од пет ѕвезди, од кои две биле во Магелановите облаци, а една од нив подоцна била забележана како централна ѕвезда на една планетарна маглина .[11]
WR 142 обично се претпоставува дека е член на расеаното јато Беркли 87, чие растојание од Сонцето не е точно определено, но се смета дека е околу 1,23 килопарсеци (4.000 светлосни години ). Како и целото расеано јато нејзината сјајност е многу згасната и поцрвенета поради меѓуѕвездената прашина .[12]
Оваа ѕвезда, со спектрална класификација WO2, е една од ретките познати Волф-Рајови ѕвезди од познатата кислородна низа, забележани се само четири во Млечниот Пат и пет во надворешните галаксии. Таа е исто така една од најжешките познати ѕвезди со површинска температура од 200.000 K. Моделирањето на атмосферата дава сјајност од околу 245.000 L☉, додека пак пресметките од осветленоста и растојанието даваат сјајност од 500.000 L☉ или повеќе. Тоа е многу мала густа ѕвезда, со полупречник 40% од Сончевиот, но масата е 20 пати поголема. Многу силните ѕвездени ветрови, со конечна брзина од 5.000 километри во секунда, предизвикуваат WR 142 да изгуби 10−5 M☉/годишно. За споредба, Сонцето губи (2-3) х 10-14 сончеви маси годишно поради својот сончев ветер, неколку стотици милиони пати помалку од WR 142.
Забележана е тврда емисија на рендгенски зраци од оваа ѕвезда со помош на вселенскиот телескоп Чандра, за која се претпоставува дека е предизвикана од присуството на придружник, ѕвезда на главната низа од спектрален тип B на растојание од 1 AE од WR 142. Не постои друга доказ за постоење на придружник па мора да има друга причина за рендгенското зрачење.[12]
Волф-Рајеовите WO ѕвезди се последна развојна фаза на повеќето масивни ѕвезди пред тие да експлодираат како супернови,проследени со можен гама-изблик.[13] Многу е веројатно дека WR 142 е во својата последна фаза на јадрено соединување, близу или по завршувањето на согорувањето на хелиум.[14] Се проценува дека можно е да експлодира како супернова за околу 2.000 години. Масата и брзото вртење прават да има голема веројатност за гама-експлозија.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.