американска поп група From Wikipedia, the free encyclopedia
The Monkees (транскрипција на македонски: Манкис) ― американска поп рок група основана во Лос Анџелес во 1966 година. Во групата членувале Мики Доленц, Мајкл Несмит, Питер Торк и Дејви Џонс. Во 1965 година, на телевизиските продуценти Боб Рафелсон и Берт Шнајдер им требало измислена музичка група за потребите на ситкомот The Monkees, па една година покасно била формирана групата. Музиката од групата Monkees се појавува во ситкомот, кој се емитувал од 1966 до 1968 година, а била објавена и плоча.
The Monkees | |
---|---|
The Monkees во 1966 година. Во насока на стрелките на часовникот од горе лево: Питер Торк, Мики Доленц, Мајкл Несмит, Дејви Џонс. | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лос Анџелес, САД |
Жанрови | |
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Мреж. место | monkees.com |
Поранешни членови | |
|
Продуцирањето на ситкомот бил претежно едноставна работа, но музичката продукција уште од самиот почеток создавала тензии и контроверзии. Музичкиот супервизор Дон Киршнер не бил задоволен од музичките квалитети на групата и за снимањето на музиката од ситкомот почнал да се потпира на професионални текстописци и студиски музичари. Ваквата соработка исфрлила неколку хит албуми и синглови, но тоа не им одговарало на членовите на групата, кои се соочиле со бурни реакции од јавноста поради тоа што не свиреле на песните. По кратка борба за превласт, членовите од групата добиле целосна контрола врз музичката продукција. Monkees како група објавиле два албума, но за помалку од една година секој нејзин член почнал независно да настапува под името Monkees. Кон крајот на 1968 година, тие повторно биле само име на група, серијата била откажана, а филмот кој го снимиле „Глава“ во продукција на Џек Николсон (Head) бил неуспешен на кино благајните. Набрзо Торк ја напуштил групата, а една година подоцна истото го направил и Несмит. Monkees официјално се распаднале во 1970 година.
Во 1986 година се појавил повторен интерес за телевизиската серија, па групата повторно се обединила и тргнале на низа официјални турнеи, снимиле телевизиски специјал и четири нови ЛП плочи. Сето ова се одвивало во период од следните 35 години но членовите од групата ретко настапувале заедно. По смртта на Џонс во 2012 година и на Торк во 2019 година, Доленц и Несмит во 2021 година тргнале на проштална турнеја која завршила непосредно пред смртта на Несмит на крајот од годината.
Носени на крилата на успехот на серијата, Monkees била една од најуспешните групи во 1960-тите. Групата продала преку 75 милиони плочи ширум светот,[5] [6] со што спаѓаат меѓу најпродаваните групи на сите времиња. Нивни најголеми меѓународни хитови се: „Last Train to Clarksville“, „I'm a Believer“, „A Little Bit Me, a Little Bit You“, „Pleasant Valley Sunday“ и „Daydream Believer“, имаат четири албуми кои се пласирале на топ листите и три песни на врвот на топ листите („Last Train to Clarksville“, „I'm a Believer“ и „Daydream Believer“). Весниците и списанијата лажно објавиле дека Monkees во 1967 година имале поголема продажба од Битлси и Ролинг Стоунс заедно,[7] [8] тврдење кое потекнува од Несмит во интервју од 1977 година.[9]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.