![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/8/84/TLC_2016.jpg/640px-TLC_2016.jpg&w=640&q=50)
TLC (група)
американска женска група / From Wikipedia, the free encyclopedia
TLC (скратено од T-Boz, Left Eye and Chilli или Tender Loving Care) ― американска женска група основана во 1990 година во Атланта, Џорџија. Најпознат состав на групата бил: Тиона „Ти-Боз“ Воткинс, Лиза „Лево око“ Лопес и Розонда „Чили“ Томас. Групата била многу успешна во текот на 1990-тите, кога имала девет топ-10 хитови на Billboard Hot 100, а четири од нив се нашле на самиот врв: „Creep“, „Waterfalls“, „No Scrubs“ и „Unpretty“. [2] Групата снимила четири мултиплатинести албуми, вклучувајќи го и CrazySexyCool (1994), кој добил дијамантски сертификат од Здружение на музички сниматели на Америка (RIAA).[3] TLC станала прва R&B група во историјата која успеала да продаде милион примероци од албум во Јапонија сертифицирано од Здружението на музички сниматели на Јапонија (RIAJ) за албумот FanMail (1999).[4]
TLC | |
---|---|
![]() TLC на настап во 2016 | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Атланта, Џорџија, САД |
Жанрови | |
Период на активност | 1990–денес |
Издавачи |
|
Мреж. место | officialtlc.com |
Со продадени над 65 милиони плочи во светски рамки, TLC е најпродаваната американска женска група на сите времиња.[5] [6] VH1 ги рангирал TLC како најдобра женска група со тоа што ги ставил на 12 место на списокот од 100 најдобри жени во музиката.[7] Списанието Билборд ги рангирало TLC за едно од најдобрите музички триа,[8] а исто така ги ставило на седмо место на списокот од најуспешни изведувачи од 1990-тите. Групата добила четири Греми награди, пет МТВ Видео Музички Награди и пет Soul Train музички награди.
Дваесет години по основањето, TLC ја добиле Наградата за исклучителен придонес во музиката на 17-те MOBO награди, а во 2013 година ја добиле наградата Легенда на Јапонските МТВ Видео Музички Награди. По смртта на Лопес во 2002 година, таа не била заменета со друга пејачка и групата продолжила да настапува како дуо. Во 2017 година го издале нивниот истоимен петти албум TLC. Во 2022 година, групата била примена во Булеварот на славните на црната музика и забава.[9]