Semantic Scholar
From Wikipedia, the free encyclopedia
Semantic Scholar (изг. Семантик сколар) — пребарувачка алатка за академска литература поддржана од вештачка интелигенција разработена од Аленовиот институт за вештачка интелигенција и пуштена во ноември 2015 г.[1] Се служи со напредокот во обработката на природните јазици за резимирање на научни трудови.[2] Екипата на Semantic Scholar активно ја истражува промената на вештачка интелигенција во обработката на природни јазици, машинското учење, односот човек-сметач и пребарувањето на информации.[3]
Вид место | пребарувач |
---|---|
Создавач | Аленов институт за вештачка интелигенција |
Адреса | semanticscholar.org |
Пуштено | ноември 2015 (2015-11) |
Овој пребарувач започнал како база на податоци која опфаќа теми како информатиката, геонауката и невронауката.[4] Меѓутоа, во 2017 г. системот во својот корпус почнал да вклучува биомедицинска литература.[4] Во септември 2022 г. опфаќал преку 200 милиони публикации од сите научни полиња.[5]