Ring the Alarm
From Wikipedia, the free encyclopedia
„Ring the Alarm“ е песна снимена од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот втор студиски албум, B'Day (2006). Била компонирана од Ноулс, Касим „Свиз Битз“ Дин и Шон Гарет. Columbia Records го издала „Ring the Alarm“ како вториот сингл од B'Day во САД на 17 октомври 2006, додека „Irreplaceable“ (2006) бил издаден како вториот интернационале/третиот сингл во САД. Развитокот на песната бил мотивиран од улогата на Ноулс во адаптацијата на музиклот од Бродвеј, Dreamgirls (2006). „Ring the Alarm“ е Р&Б песна со панк рок влијанија. Користи звук од ситена на почетокот, создавајќи агресивен звук на песната.
„Ring the Alarm“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
![]() | |||||
Сингл од Бијонсе | |||||
од албумот B'Day | |||||
Издаден | 17 октомври 2006 (САД) | ||||
Текстописец | Бијонсе Ноулс, Касим „Свиз Битз“ Дин, Шон Гарет | ||||
Формат | ЦД сингл, 12", спуштање | ||||
Снимен | 2006 Sony Music Studios (Њујорк Сити, Њујорк) | ||||
Жанр | Р&Б, Хип-хоп | ||||
Должина | 3:23 (Албум Верзија) 3:16 (Радио уредување) | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Продуцент | Бијонсе Ноулс, Свиз Битз, Шон Гарет | ||||
Хронологија на синглови на Бијонсе | |||||
|
Според текстот, „Ring the Alarm“ прикажува девојка која се чувствува загрозена од друга жена и ја покажува својата неподготвеност да ги сподели своите профити и вложувања во својот љубовник. Критичкиот прием на песната бил помешан и позитивен, а неколку критичари забележале дека песната е поразлична од претходната работа на Ноулс. Додека некои од нив ги пофалиле изобличените, лутите и наметливите вокали, другите биле разочарани од текстот. Постоеле гласини дека текстот на песната ја прикажува врската на Р&Б-поп ѕвездата Ријана и Џеј-Зи, што Ноулс го негирала во интервју со магазинот Seventeen во средината на 2006. Франчес Ромеро од магазинот Тајм ја сместил „Ring the Alarm“ на деветтото место на неговиот список на „Топ 10 Лути Песни за Раскинување“ од 2000-тите. Песната била номинирана за Најдобар Женски Р&Б Настап на 49тите Греми Награди.
Синглот се искачил на дванаесеттото место на Билборд Хот 100 во САД во септември 2006 на дванаесеттото место со што станал највисокото прво искачување на сингл од Ноулс во САД. Сепак, највисоката позиција на синглот била единаесет, со што тој станал нејзиниот прв сингл кој не се искалил меѓу првите десет. Музичкото видео за синглот било инспирирано од филмот од 1992, Сурови Страсти и било режирано од Софи Мулер. Било снимено во хамгарска пештера во Бруклин, Њујорк. По неговата премиера на Yahoo! Music на 16 август 2006, музичкото видео добило помешани критики од музичките критичари кои се согласиле дека тоа е екцентрично. Ноулс ја промовирала „Ring the Alarm“ за време на повеќе настапи во живо, телевизиски емисии и церемонии, вклучувајќи го настапот на МТВ Видео Музичкито Награди од 2006. Песната била дел од сет-списокот на The Beyoncé Experience во Лос Анџелес и нејзината светска, I Am... Турнеја.