Rainbow
From Wikipedia, the free encyclopedia
Rainbow (познати и како Ritchie Blackmore's Rainbow или Blackmore's Rainbow) ― британска рок група, основана во Лондон и Лос Анџелес во 1975 година од гитаристот Ричи Блекмор. Групата е основана по првото заминување на Блекмор од Deep Purple, и во неа на почетокот членувале четвори члена од групата Elf, вклучувајќи го и нивниот пејач Рони Џејмс Дио. По нивниот прв албум, Блекмор ги отпуштил овие членови, освен Дио. На групата ѝ се приклучиле тапанарот Кози Пауел, басистот Џими Бејн и клавијатуристот Тони Кери. Овој состав го снимил вториот албум на групата Rising (1976), а за албумот Long Live Rock 'n' Roll (1978) Бејн и Кери биле заменети со Боб Дејзли и Дејвид Стоун, соодветно. По објавувањето на албумот Дио ја напуштил групата и во 1979 година се приклучил на Блек Сабат.
Rainbow | |
---|---|
Rainbow на настап во 2017 година. | |
Животописни податоци | |
Познат(а) и како |
|
Потекло | Лондон и Лос Анџелес |
Жанрови |
|
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Соработници |
|
Првите песни на Rainbow содржеле претежно загадочни текстови во хеви-метал стил, а по заминувањето на Дио од групата почнале да свират поп-рок музика.[1] Во 1979 година, Блекмор и Пауел повикале три нови члена: пејачот Греам Бонет, клавијатуристот Дон Ери и уште еден тогаш поранешен член на Deep Purple, басистот Роџер Гловер. Во овој состав ја објавиле песната "Since You Been Gone“ од нивниот четврти студиски албум Down to Earth и постигнале огромен комерцијален успех. Во 1980 година, Џо Лин Тарнер го заменил Бонет, а од групата си заминал Пауел. Rainbow снимиле уште три албуми: Difficult to Cure (1981), Straight Between the Eyes (1982) и Bent Out of Shape (1983). Групата се расформирала во 1984 година, откако Блекмор и Гловер повторно се приклучиле на Deep Purple. Во 1993 година, по второто напуштање на Deep Purple, Блекмор ја обновил Rainbow со нов состав, на чие чело бил тогаш непознатиот Дуги Вајт. Овој состав го снимил нивниот осми и последен студиски албум Stranger in Us All (1995). Блекмор го променил стилот на музика, од рок во ренесансна и средновековна музика, што било причина за второ распаѓање на групата во 1997 година. Во 2015 година групата уште еднаш била возобновена,[2] и следните неколку години тие повремено одржувале концерти во живо.
Со текот на годините, Rainbow често го менувал составот, а секој студиски албум бил снимен со различна постава. Блекмор бил единствен постојан член на групата. Составот кој најдолго се задржал, во кој членувале Блекмор на гитара, сопругата на Блекмор, Кендис Најт како придружен вокал, Рони Ромеро како главен вокал, Боб Нову на бас, Дејвид Кит на тапани и Јенс Јохансон на клавијатури, траел од 2015 до 2023 година, по што Ромеро објавил дека ќе си замине од групата.[3]
Rainbow се наоѓаат на 90-то место на списокот од „100 најголеми уметници на хард рокот“ објавен од VH1.[4] Групата продала преку 28 милиони плочи.[5]