RCW-каталог
астрономски каталог / From Wikipedia, the free encyclopedia
RCW-каталог (од англиски: Rodgers, Campbell, Whiteoak - Роџерс Кемпбел и Вајтоук) — астрономски каталог на подрачја кои оддаваат Hα-зрачење во јужниот дел на Млечниот Пат[1]. Опфаќа 182 тела, вклучувајќи многу тела од пораниот Гамов каталог.
Кратки факти Вид попис, Цел ...
Вид попис | Астрономски каталог |
---|---|
Цел | Оддавна маглина, ѕвездообразбено подрачје |
Објавен | 1960 |
Поврзано на Ризницата | |
Затвори
Подоцнежниот Колдвелов каталог содржи извесни тела од RCW-каталогот. Има извесен преклоп со каталогот Шарплес-2, иако тој претежно ја опфаќа северната полутопка, додека RCW и Гамовиот ја покриваат јужната.
RCW-каталогот е составен од Александар Вилијам Роџерс, Колин Т. Кемпбел и Џон Бартлет Вајтоук. Тројцата астрономи каталогизирале јужни маглини работејќи под водство на холандско-американскиот астроном Барт Бок во опсерваторијата „Маунт Стромло“ кај Канбера, Австралија во текот на 1960-тите.