From Wikipedia, the free encyclopedia
PubMed — бесплатен пребарувач на базата на податоци MEDLINE која содржи библиографски одредници за дела од областа на медицината и биотехнологијата. Со пребарувачот раководат и го одржуваат Националната медицинска библиотека на САД (NLM) и Националните здравствени институти користејќи го системот за пребарување на информации Entrez.[1]
Содржина | |
---|---|
Контакт | |
Истраж. центар | Национална медицинска библиотека на САД (NLM) |
Воведена | 1996 |
Пристап | |
Мреж. место | pubmed.ncbi.nlm.nih.gov |
Алатки | |
Разно |
Од 1971 до 1997 г. базата MEDLINE била достапна само во установи како универзитетски библиотеки. Со воведувањето на PubMed во јануари 1996 г. е овозможено приватно и бесплатно пребарување од домот или од работното место.[2] Бесплатениот пристап за јавноста започнал да се нуди во јуни 1997 г.[3]
Покрај MEDLINE, PubMed нуди пристап кон:
Многу записи на PubMed имаат врска до написите во полн текст, и некои од нив се достапни бесплатно преку PubMed Central[5] и месни огледални места како Europe PubMed Central.[6]
Информациите за стручните списанија индексирани во MEDLINE и достапни преку PubMed стојат во каталогот на NLM.[7]
На 27 јануари 2020 г. PubMed содржел преку 30 милиони библиографски одредници и извадоци со временски опсег наназад до 1966 г., избрани дела до 1865 г. и многу помалку дела до 1809 г. На тој датум 20 милиони записи на PubMed records биле наведени со нивните извадоци, а 21,5 милиони имаат врски до нивниот полн текст (од кои 7,5 бесплатно).[8] Во текот на претходната деценија додавани се просечно милион нови одредници годишно. Околу 12 % од одредниците во PubMed се однесуваат на дела поврзани со ракот, чиј удел пораснал од 6 % во 1950-тите на 16 % во 2016 г.[9] Добар удел имаат предметите „хемија“ (8,69 %), „терапија“ (8,39 %) и „зараза“ (5 %).
Во 2016 г. NLM го измениле системот, со цел да им овозможат на издавачите непосредно да исправаат грешки во одредниците на PubMed.[10]
PMID (од анг. PubMed identifier) е единствена назнака за секоја одредница која се состои од бројка.[11]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.