PinkPantheress
From Wikipedia, the free encyclopedia
Викторија Беверли Вокер (родена на 18 април 2001 година), повеќе позната како PinkPantheress, е пејачка и продуцентка со англиско потекло. Нејзините песни, најчесто се кратки и со примероци од музиката од 1990-тите и 2000-тите, и опфаќаат повеќе жанрови.
Во 2021 година, додека студирала на универзитет во Лондон, таа објавила неколку песни на ТикТок кои станале вирални. Нејзините синглови „Само за мене“ и „Болка“ од 2021 се искачиле на топ 40 на топ листите за синглови во Обединетото Кралство и биле сертифицирани со сребро од Британската фонографска индустрија (BPI). Таа освоила првоо место на анкетата на Би-би-си во 2022, а нејзиниот сингл од 2022 година го достигнал второто место во Обединетото Кралство, додека нејзиниот ремикс од 2023 година со американскиот рапер Ајс Спајс стана нејзиниот прв влез на Билборд Хот 100, достигнувајќи го третото место. Таа го издала својот деби албум, Heaven Knows, во 2023 година.