![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/5/55/Pacta_Conventa_%2528Croatia%2529.jpg/640px-Pacta_Conventa_%2528Croatia%2529.jpg&w=640&q=50)
Pacta conventa (Хрватска)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Pacta conventa (лат. согласни договори), е наводен договор склучен помеѓу унгарскиот крал Коломан и хрватското благородништво во 1102, дефинирајќи го статусот на Хрватска во унија со Унгарија. Најраниот ракопис на документот е од XIV век.
Кратки факти
Pacta conventa | |
![]() Фотографија на наводната копија на Pacta conventa или Qualiter | |
Создаден | 1102; 14 век (ракопис) |
Место | Будимпешта |
Намена | Договор склучен помеѓу кралот Коломан Унгарски и хрватското благородништво |
Затвори
Документот со наслов Pacta conventa или Qualiter (првиот збор во документот) бил пронајден во библиотека во градот Трогир. До 19 век се сметало дека документот датира од 1102 година, но повеќето историчари денес сметаат дека тој не е автентичен документ од 1102 и дека, најверојатно, е фалсификат од 14 век. Сепак, содржината на Pacta conventa одговара на политичката ситуација во Хрватска во тоа време.[1][2] Документот се чува во Унгарскиот национален музеј во Будимпешта.[3]