Национална кошаркарска асоцијација
From Wikipedia, the free encyclopedia
Национална кошаркарска асоцијација или НБА (се чита: Ен-бе-а; англиски: National Basketball Association, NBA) — професионална кошаркарска лига, која е составена од 30 клуба (29 од САД и 1 од Канада). Таа е член на САД кошарката (USAB),[1] која е препознатлива по Меѓународната кошаркарска федерација како Национален управен орган (NGB) за кошарка во САД.[2] НБА е една од четирите главни северноамерикански спортски лиги, во која се Главната бејзболска лига (MLB), Националната фудбалска лига (NFL) и Националната хокеарска лига (NHL).
Моментална сезона или издание: НБА сезона 2021-2022 | |
Спорт | Кошарка |
---|---|
Основана | 1946 |
Комесар | Адам Силвер |
Број на екипи | 30 |
Држава | САД Канада |
Тековен првак | Милвоки Бакс (2-ра титула) |
Најмногу титули | Бостон Селтикс и Л.А. Лејкерс (по 17) |
ТВ-партнер(и) | ABC, ESPN, TNT, NBA TV |
Портал | nba.com |
Лигата е основана во Њујорк на 6 јуни 1946, како Кошаркарска асоцијации на Америка (BAA).[3] Лигата го прифати сегашното име во 1949, откако се спои со соперникот Националнаta кошаркарска лига (NBL).[4] Лигата раководела со помалите поединечни канцеларии преку главната канцеларија сместена во Олипик тауер, на 645 Петта авенија во Њујорк. НБА-забава и НБА ТВ се наоѓаат во Сеакуза, Њу Џерси.