Hold It Against Me
From Wikipedia, the free encyclopedia
Hold It Against Me — песна од американската пејачка Бритни Спирс. Издадена е како првиот сингл од нејзиниот седми студиски албум, Femme Fatale. „Hold It Against Me“ е напишана од Макс Мартин, Луказ Готвалд, Бони Мекки и Метју Џомф, а продуцкијата ја завршиле Готвалд, Мартин и Билборд. Песната прво требало да ѝ биде понудена на Кети Пери, но Готвалд и Мартин почувствувале дека не ѝ одговара. Готвалд објаснил дека сакал „Hold It Against Me“ да не звучи како никоја продукција која тој претходно ја направил. Откако демо верзија на песната изведена од Мекки протекла на интернет, завршената верзија премиерно била прикажана на 10 јануари 2011. Синглот бил издаден следниот ден.
„Hold It Against Me“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Бритни Спирс | |||||
од албумот Femme Fatale | |||||
Издаден | 11 јануари 2011 | ||||
Текстописец | Макс Мартин, Луказ Готвалд, Бони Мекки, Метју Џомф[1] | ||||
Формат | ЦД сингл, спуштање | ||||
Снимен | Conway Studios, Dr. Luke's, Лос Анџелес | ||||
Жанр | Денс-поп | ||||
Должина | 3:49 | ||||
Издавачка куќа | Jive | ||||
Продуцент | Луказ Готвалд, Макс Мартин, Билборд | ||||
Хронологија на синглови на Бритни Спирс | |||||
|
Музички, „Hold It Against Me“ меша елементи од индустријалната и транс музиката и грајм. Рефренот содржи синтисајзери кои ги креваат нејзините вокали и прават контраст на силните удари од другите инструменти. Песната исто така користи и дабстеп дел, во кој Спирс испраќа бакнежи и завршува со завршен рефрен со елементи од рејв музиката. Текстот прикажува како пејачката заведува некого на танцувачкиот под, додека рефренот зборува за поврзување. The Bellamy Brothers ја критикувале песната, велејќи дека е слична со нивниот хит од 1979, „If I Said You Had a Beautiful Body Would You Hold It Against Me“. Подоцна биле тужени од Мартин, Готвалд Мекки и Билборд за клевета и навреда.
Повеќето критичари ја пофалиле „Hold It Against Me“, иако некои од нив го критикувале текстот. Песната станала голем комерцијален успех, дебитирајќи на првото место во Валонија, Канада, Данска, Финска и Нов Зеланд како и на табелата Билборд Хот 100, каде што станал четвртиот сингл на Спирс кој го постигнал тоа. Во САД, „Hold It Against Me“ ја направил Спирс вториот артист во историјата на Билборд да дебитира на првото место неколкупати, зад Мараја Кери. Оваа цел исто така ја направила третиот артист кој постигнал број еден сингл во три последователни децении и седмиот артист во целост. Дополнително, синглот се искачил на првите пет места во држави како Австралија, Ирска, Италија, Шкотска, Финска и Норвешка.
Музичкото видео за песната било режирано од Џонас Акерлунд. Премиерно било прикажано на 17 февруари 2011, а пред неговата премиера биле прикажани неколку исечоци. Видеото ја прикажува Спирс како поп ѕвезда која паднала од вселената за да најде слава на земјата. Таму, таа станува пренатрупана од притисокот на нејзината познатост и се срушува. Видеото добило мешани до позитивни критики, а критичарите ја пофалиле концепцијата, но го критикувале рекламирањето на производи. Спирс ја извела песната во Rain Nightclub, Good Morning America и Jimmy Kimmel Live!. Таа исто така ја додала на нејзината Femme Fatale Tour (2011) како првата песна.