Girls Aloud
британска женска поп-група / From Wikipedia, the free encyclopedia
Girls Aloud ― англиско-ирска женска поп-група основана во талент-шоуто „Popstars: The Rivals“ во 2002 година во Лондон. Во групата членувале: Шерил Твиди, Надин Којл, Сара Хардинг, Никола Робертс и Кимберли Волш. Во 2012 година, групата била прогласена за најпродавана женска група во Обединетото Кралство на 21 век дотогаш, со над 4,3 милиони продадени синглови и 4 милиони продадени албуми само во Обединетото Кралство.[1] Биле номинирани за пет Брит награди, а ја освоиле наградата за најдобар сингл во 2009 година за „The Promise“.
Girls Aloud | |
---|---|
Girls Aloud настапуваат во живо за време на турнејата Ten: The Hits во 2013 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Лондон, Англија |
Жанрови |
|
Период на активност |
|
Издавачи |
|
Членови | |
| |
Поранешни членови | |
|
Музичкиот стил на групата претежно е поп, но во текот на нивната кариера тие експериментирале и со други стилови, како електропоп, денс-поп и денс-рок. Групата станала една од ретките изведувачи основани преку реалити-шоу во Велика Британија која имала континуиран успех, а до мај 2010 година заработиле 30 милиони фунти. Во изданието од 2007 година од Гинисовата книга на рекорди групата била наведена како „Најуспешна риалити-ТВ група“. Групата исто така го држи рекордот за „Најмногу последователни топ-10 записи во ОК од женска група“ во изданието од 2008 година и во изданието од 2011 година повторно биле наведени како „Најуспешна риалити-ТВ група“.[2]
Во март 2013 година, по завршувањето на турнејата Ten: The Hits, групата заминала на неодредена пауза.[3] Сара Хардинг починала од рак на дојка на 5 септември 2021 година, на 39-годишна возраст.[4] Групата повторно се обединила во 2023 година, а во мај 2024 година преостанатите членови треба да тргнат на концертна турнеја насловена како The Girls Aloud Show.