From Wikipedia, the free encyclopedia
Вистинските цицачи (односно еутерии или Eutheria) образуваат група на цицачи која се состои од плаценталните цицачи (како што се луѓето), како и сите оние изумрени цицачи кои се нивни поблиски сродници, а се подалечни сродници на денешните торбари (како што се кенгурите). Тие се разликуваат од нееутериите по низа одлики, како градбата на стапалото, зглобовите, вилиците и забите. Една од поглавните разлики меѓу плацентните и неплацентните еутерии се состои во тоа што кај плацентните отсуствуваат епипубични коски, кои се присутни кај сите други фосилни и рецентни цицачи.
Вистински цицачи Eutheria Период: рана Креда – денес | |
---|---|
Фосил од Eomaia, најстариот познат еутериски вид | |
Научна класификација | |
Царство: | Животни |
Колено: | Хордати |
Класа: | Цицачи |
Поткласа: | Живородни цицачи |
Инфракласа: | Вистински цицачи Томас Хенри Хаксли, 1880 |
Редови[1] | |
|
Најраниот познат еутериски фосил, Eomaia, беше пронајден во Азија и датира од рана Креда, односно од пред околу 125 милиони години. Денес, плацентните цицачи се единствените преживеани членови на оваа група. Сестринска група на Eutheria е Metatheria, каде припаѓаат торбарите и нивните изумрени роднини.
Не постојат рецентни неплацентни еутерии, така што познавањето на нивните синапоморфии (дефинирачки одлики) е целосно основано на неколку фосили. Од ова може да се заклучи дека репродуктивните одлики кои ги разграничуваат денешните плацентни цицачи од другите цицачи не можат да се користат при дефинирањето на групата на еутерии. Одликите на еутериите по кои тие се разликуваат од метатериите се:
Репродуктивните одлики исто така се некорисни во идентификацијата на фосилните плацентни цицачи, кои се разликуваат од другите еутерии по:
|
Ова се подгрупите на денешни (рецентни) членови на Eutheria:
Овие подгрупи заедно ја градат крунската група Placentalia (плацентни цицачи). Меѓутоа, во Eutheria припаѓаат и изумрени еволутивни линии кои не можат да се вклопат во Placentalia (видете подолу).[11]
Најраниот познат еутериски вид е изумрениот неплацентен цицач Eomaia scansoria од долна Креда во Кина, за кој се мисли дека датира од пред околу 125 милиони години. Некои од неговите фосили имаат траги на густо крзно. Montanalestes беше пронајден во Севрна Америка, додека сите останати неплацентни еутериски фосили беа пронајдени во Азија. |
† = extinct |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.