Depeche Mode
From Wikipedia, the free encyclopedia
Депеш Моуд (се изговара /dɛˈpɛʃ/, de-PESH) се англиска музичка група за електронска музика формирани во 1980 година во Базилдон, Есекс. Првичниот состав го сочинуваа Дејв Гахан (водечки вокал), Мартин Гор (синтисајзер,гитара,вокал,главен текстописец по 1981 година) и Винс Кларк (синтисајзер,главен текстописец во периодот 1980-81 година).Винс Кларк ја напушти групата по издавањето на нивниот деби албум во 1981 година, Спик енд Спел,и беше заменет од страна на Алан Вајлдер (синтисајзер,тапани) а Гор го презеде пишувањето текстови.Вајлдер ја напушти групата во 1995 година и оттогаш Гахан,Гор и Флечер продолжија како трио. Депеш Моуд имаа 48 песни на британската топ список на синглови и број 1 албуми во Британија,САД и низ Европа.Според ЕМИ,Депеш Моуд продале над 100 милиони албуми и синглови низ светот,правејќи ги најуспешната електронска група во музичката историја.Магазинот Кју ги нарече Депеш Моуд „Најпопуларната електронска музичка група која некогаш постоела во светот“
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Депеш Моуд | |
---|---|
Депеш Моуд во 2006 година | |
Животописни податоци | |
Потекло | Базилдон, Есекс, Англија |
Жанрови | Алтернатив денс Њу Вејв Синтпоп |
Период на активност | 1980–сегашност |
Издавачи | Мјут Рекордс ЕМИ |
Соработници | Јазу, Еражер, Рекоил |
Мреж. место | depechemode.com |
Членови | |
Дејвид Гахан Мартин Гор Ендру Флечер | |
Поранешни членови | |
Винс Кларк Алан Вајлдер |