From Wikipedia, the free encyclopedia
Цитохром P450 2D6 (CYP2D6) е ензим кој кај луѓето е енкодиран од генот CYP2D6 . CYP2D6 воглавно се експресира во црниот дроб.
CYP2D6 | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Назнаки | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Алијаси | xenobiotic monooxygenaseCYP2D6cytochrome P450 2D6nonfunctional cytochrome P450 2D6cytochrome P450-DB1cytochrome P450family 2subfamily Dpolypeptide 6cytochrome P450family 2subfamily Dpolypeptide 7 pseudogene 2cytochrome P450subfamily IID (debrisoquinesparteineetc.-metabolizing)polypeptide 6cytochrome P450subfamily II (debrisoquinesparteineetc.-metabolising)polypeptide 7 pseudogene 2cholesterol 25-hydroxylasecytochrome P450subfamily IID (debrisoquinesparteineetc.-metabolizing)-like 1cytochrome P450subfamily IID (debrisoquinesparteineetc.-metabolising)polypeptide 8 pseudogene 2debrisoquine 4-hydroxylasecytochrome P450family 2subfamily Dpolypeptide 8 pseudogene 2flavoprotein-linked monooxygenasemicrosomal monooxygenaseCYPIID6Cytochrome P-450 CYP2D6 | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Надворешни назнаки | GeneCards: | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Википодатоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
CYP2D6, член на цитохром P450 оксидазниот систем, е еден од најзначајните ензими вклучени во метаболизмот на ксенобиотиците во организмот. Особено, CYP2D6 е одговорен за метаболизмот и елиминацијата на приближно 25% од лековите кои се користат во клиничка пракса, преку реакции на адиција или елиминација на одредени функционални групи - хидроксилација, деметилација и деалкилација.[1] Други лекови, познати како пролекови, се активирани од страна на CYP2D6. Овој ензим исто така учествува во метаболизмот на некои ендогени супстанции, како што се хидрокситриптамините, невростероидите, и m-тирамин и p-тирамин кои обата CYP2D6 ги метаболизира до допамин во мозокот и црниот дроб.[1][2]
Значителна варијација постои во количината која се создава и активноста на CYP2D6 кај различни единки. Оттука, за лекови кои се метаболизираат од страна на CYP2D6 (односно, претставуваат супстрати на CYP2D6), одредени единки ќе ги елиминираат овие лекови брзо (ултрабрзи метаболизери) додека други побавно (слаби метаболизери). Ако лекот се метаболизира пребрзо, ќе биде намалена неговата ефикасност, додека, ако лекот се метаболизира пребавно, можна е појава на токсични ефекти.[3] Па, затоа можеби е потребно прилагодување на дозата која предвид ќе ја земе брзината со која лекот се метаболизира од страна на CYP2D6.[4]
Други лекови може да делуваат како инхибитори на активноста на CYP2D6 или индуктори на ензимската експресија на CYP2D6 што ќе доведе до намалена или зголемена активност на CYP2D6, соодветно. Ако таков лек се зема во исто време со друг лек кој е CYP2D6-супстрат, првиот лек ќе влијае врз брзината на елиминација на вториот лек, што е познато како лек-лек интеракција.[3]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.