датум From Wikipedia, the free encyclopedia
6 јули — 187-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (188-и во престапна година). Остануваат 178 денови до крајот на годината.
<< | јули | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
Настани:
1415 | Во Констанц, денешна Германија, од католичкиот собор е осуден и погубен Јан Хус, свештеник и реформатор. |
1535 | Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римокатоличката црква. |
1885 | Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче. |
1908 | Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II. |
1928 | Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија. |
1943 | Во реонот на преспанските села Љубојно — Царев Двор — Долно Дупени преспанско-охридскиот партизански одред „Даме Груев“ ја уништил италијанската воена телефонска линија во должина од неколку километри. |
1957 | Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси. |
1964 | Малави прогласува независност од Обединетото Кралство. |
1966 | Малави станува република, со Хејстингс Банда како прв претседател. |
1967 | Основана светската библиографска организација OCLC. |
2002 | Светиот архијерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ. |
2005 | Играорците од битолското КУД „Гоце Делчев“ играа оро пред британската амбасада во Скопје во знак на протест поради недобивањето на визи за настап на меѓународниот фолклорен фестивал во Ланголен, Англија. |
— Родени:
1599 | Диего Веласкес — шпански сликар. |
1818 | Адолф Андерсен — германски шахист. |
1832 | Максимилијан I — надвојвода од Австрија и цар на Мексико. |
1838 | Ватрослав Јагиќ — хрватски славист. |
1859 | Вернер фон Хејденстам — шведски поет и нобеловец. |
1907 | Фрида Кало — мексиканска сликарка. |
1927 | Џенет Ли — американска глумица. |
1935 | Тенцин Ѓацо — тековниот далај-лама. |
1943 | Глигорие Гоговски — македонски стопанственик и политичар. |
1946 | Силвестер Сталоне — американски глумец. |
1946 | Џорџ Буш — 43. американски претседател. |
1951 | Џефри Раш — австралиски глумец. |
1951 | Гоце Тодоровски — македонски глумец. |
1964 | Садула Ергин — министер за правда на Турција. |
1979 | Мирсад Бешлија — босански фудбалер. |
1980 | Пау Гасол — шпански кошаркар. |
1981 | Роман Широков — руски фудбалер. |
1988 | Данил Шишкарев — руски ракометар. |
Починале:
1189 | Хенри II — англиски крал. |
1415 | Јан Хус — чешки реформатор. |
1476 | Региомонтан — германски математичар и астроном. |
1533 | Лудовико Ариосто — италијански поет. |
1535 | Томас Мор — англиски правник, филозоф и хуманист. |
1553 | Едвард VI — англиски крал. |
1854 | Георг Симеон Ом — германски физичар. |
1893 | Ги де Мопасан — француски писател. |
1962 | Вилијам Фокнер — американски писател, Нобелов лауреат. |
1971 | Луис Армстронг — американски трубач и џез-музичар. |
1991 | Антон Југов — бугарски политичар. |
1999 | г.г. Михаил — Архиепископ Охридски и Македонски. |
2000 | Лазар Колишевски — македонски политичар. |
2005 | Клод Симон — француски писател, добитник на Нобеловата награда во 1985 година. |
2010 | Тили Армстронг — британска писателка. |
2022 | Џејмс Кан — американски глумец. |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.