From Wikipedia, the free encyclopedia
60. јужен напоредник ― напоредник што е 60 степени јужно од Земјината екваторска рамнина. Ниту една земја не лежи на напоредникот односно тој не поминува ништо друго освен океаните. Најблиското копно е група карпи северно од островот Коронејшн (Крунисување) (Мелсонови Карпи или Гувернерски Острови) на Јужните Оркниски Острови, кои се на околу 54 километри јужно од напоредникот, и островот Туле и Куковиот Остров на Јужните Сендвички Острови, кои обете се околу 57 км северно од напоредникот (со Куковиот Остров малку поблиску).[1]
Напоредникот ја означува северната граница на Јужниот Океан (иако некои организации и земји, особено Австралија, имаат други дефиниции) и на Антарктичкиот договор. Ја означува и јужната граница на зоната без јадрено оружје во Јужен Тихи Океан и зоната без јадрено оружје во Латинска Америка.
На оваа географска ширина Сонцето е видливо 18 часа, 52 минути за време на декемвриската долгодневница и 5 часа и 52 минути за време на јунската краткодневница. На 21 декември Сонцето е на 53,83 степени на небото и 6,17 степени на 21 јуни.
Географските широчини јужно од овој напоредник често се нарекувани „Врискачки 60-ки“ поради преовладувачките западни ветрови со голема брзина кои можат да створат големи бранови над 15 м и максимална брзина на ветер над 145 км/ч.[2]
Максималната надморска височина на Сонцето е > 15,00º во април и > 8,00º во мај.
Најниската географска широчина каде што може да се забележат белите ноќи е приближно на овој напоредник.
Почнувајќи од главниот меридијан и упатувајќи се кон исток, 60° јужен напоредник минува низ:
Координати | Океан | Забелешки |
---|---|---|
60°0′S 0°0′E | Нулти меридијан | |
60°0′S 20°0′E | границата на Атлантскиот и Индискиот Океан | |
60°0′S 147°0′E | границата на Индискиот и Тихиот Океан | Дополнително минува низ Тихиот Океан кај Дрејковиот Премин помеѓу Јужна Америка и Антарктичкиот Полуостров |
60°0′S 67°16′W | границата на Тихиот и Атлантскиот Океан | Минувајќи блиску до јужната граница на морето Скоша и Јужните Оркниски Острови, ![]() ![]() |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.