532 Херкулинаастероид од главниот појас со пречник од 225 км.

Кратки факти Откривање, Откривач ...
532 Херкулина
Thumb
Тридимензионален приказ на 532 Херкулина заснован на светлинската крива.
Откривање
ОткривачМакс Волф
Откриено20 април 1904
Ознаки
1904 NY
Главен појас
Орбитални особености[1]
Епоха 22 ноември 2003 (ЈД 2452600.5)
Афел3,26 ае
Перихел2,29 ае
2,7719820 ае
Занесеност0,1777919
4,62 a
(1684.34607 d)
17,65 km/s
142.15781°
Наклон16,30843°
107,65510°
76,86717°
Физички особености
Димензии222,4 ± 4,2 км (IRAS)[1]
Маса~2,29×1019kg [2]
Средна густина
~4 g/cm³[2]
непозната
непозната
9,404951 h[1]
Албедо0,16[1]
Температуранепозната
Спектрален тип
S[1]
8,82[3] to 11.99
5,81[1]
0,228" to 0,073"
    Затвори

    Откривање

    Астероидот бил откриен на 20 април 1904 година, од Макс Волф во Хајделберг, и е заведен под привременото име 1904 NY.[4] Потеклото на неговото име е непознато, можно е да е именуван по митолошкиот лик Херкул, или по некоја непозната жена од то период. Поголемиот број од астероидите откриени од страна на Волф во овој период се наречени по ликови од опери, но доколку ова име е иведено од опера, досега не е пронајден таков запис.

    Физички својства

    Херкулина е еден од поголемите членови на главниот астероиден појас. Се смета дека е еден од првите 20 по големина астероиди, но поголемиот број на точни димензии на поголемите астероиди не се сè уште определени. Моменталната проценка на неговата маса го сместува меѓу првите 10.

    Забележителен е по своите сложени светлински криви, поради кои е тешко да се определи обликот и вртежот. Збир од набљудувања со помош на точкеста интерферометрија од 1982 година довеле до создавање на преоден модел за Херкулина како тридимензионален објект, најверојатно со димензии 260 на 220 на 215 км. Анализата на податоците од 1985 година покажало дека се работи за несферен облик со една светла точка, додека пак фотометриските мерења од 1987 година покажале дека објектот е сферичен со две темни точки, што пак било негирано со топлинското испитување од 1988 година. Во доцните 1980-ти, општиот прифатен модел било дека станува збор за триосен објект големо албеди или пак топографски одлики.[5]

    Неодамнешното фотометриско моделирање на податоците покажале дека Херкулина не е сферичен објект, туку коцкест облик кој во една анализа е опишан дека наликува на „тостер“. Оваа анализа покажала постоење на поголеми кратери, како кај 253 Матилда, но без поголеми промени на албедото. Приближните односи на оските биле 1:1.1:1.3, во согласност со претходните модели но малку поиздолжени.[6]

    Сателити

    Разгледувајќи ги недоследностите при прикривањето околу ѕвездата SAO 120774 во 1978 година,[7][8] Херкулина станала првиот астероид за кој е потврдено присуството на астероидна месечина, земајќи ја предвид големината на пречникот од 216 км забележана е месечина со пречник од 45 км како орбитира на растојание од околу 1.000 км.[7] Сепак, внимателното испитување спроведено во 1993 година, со употреба на телескопт Хабл, не успеале да го откријат вториот објект.[9]

    Наводи

    Надворешни врски

    Wikiwand in your browser!

    Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

    Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

    Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.