1520
| Португалскиот морепловец Фернандо Магелан, впловил во Тихиот Океан, минувајќи низ јужноамериканската теснина која денес го носи неговото име.
|
1821
| Панама прогласи независност од Шпанија и ѝ се придружи на Колумбија.
|
1905
| Во Даблин, ирскиот националист Артур Грифит ја основал партијата „Шин Фејн“.
|
1943
| Во Техеран почна конференцијата меѓу претседателот на САД Франклин Рузвелт, британскиот премиер Винстон Черчил и претседатеклот на Советскиот Сојуз, Јосиф Сталин. На конференцијата е разгледано натамошното водење на војната со Германија, повоеното уредување на Европа и друго. Конференцијата заврши на 1 декември.
|
1981
| Со голема свеченост е предаден во употреба Споменикот на слободата во Кочани, дело на Глигор Чемерски.
|
1995
| Чешка стана 26-та членка на ОЕЦД (Организација за економска соработка и развој).
|
1997
| Во Скопје свечено е отворена амбасадата на Австрија во Република Македонија. |