1148
| Францускиот крал Луј VII поставил опсада на Дамаск во текот на Втората крстоносна војна.
|
1534
| Жак Картие поставил крст на северноамериканското копно близу до устието на реката Сент Лоренс и го прогласил за прва француска територија во името на кралот Франсоа I.
|
1715
| Шпанска флота со богатство составена од 10 брода заминала од Хавана, Куба кон Шпанија. Седум дена подоцна, 9 брода потонале во бура близу до Флорида. Богатството е откриено и извлечено од морето во 1960-тите.
|
1823
| Укинато е ропството во Чиле.
|
1908
| Турција е прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.
|
1923
| Грција, Турција и сојузничките сили од Првата светска војна го потпишаа Лозанскиот договор, врз основа на која е извршена принудна размена на население: христијаните од Турција во Грција, а муслиманите од Грција во Турција. Ова во голема мера го изменило националниот состав на Егејска Македонија.
|
1946
| Во Тихиот Океан, во близина на островот Бакини, САД ја извршија првата подводна атомска експлозија.
|
1974
| По инвазијата на Турција врз Северен Кипар, паднала од власт воената хунта во Грција.
|
2002
| Алфред Мојсиу е избран за претседател на Албанија.
|
2014
| Парламентот го избира Фуад Масум за претседател на Ирак.
|
2019
| Борис Џонсон станува премиер на Обединетото Кралство по оставката на неговата сопартијка Тереза Меј. |