1492
| Изабела I Кастиљска и Кристофер Колумбо склучиле договор за неговото патување до Азија преку Атлантикот.
|
1941
| Кралството Југославија капитулирало пред нападот на Силите на Оската во Втората светска војна.
|
1946
| Последните француски војници ја напуштиле Сирија, која стекнала независност.
|
1961
| Инвазија во Заливот на Свињите: 1.511 кубански бегалци во САД, обучени и финансирани од ЦИА, се истовариле во Заливот на Свињите на Куба со цел да го соборат Фидел Кастро.
|
1969
| Александар Дубчек поднесол оставка на функцијата шеф на Комунистичката партија на Чехословачка.
|
1970
| Тешко оштетениот модул на ракетата „Аполо 13“ безбедно се вратил на Земјата со тричлениот екипаж.
|
1971
| Излегол првиот соло-албум на Пол Мекартни „McCartney“.
|
1975
| Војската на Црвените Кмери го зазеле Пном Пен.
|
1977
| Жените во Лихтенштајн добиле право да гласаат на изборите. |