1762 лето
From Wikipedia, the free encyclopedia
„1762 лето“, „Песна за патрикот“ или „Песен за унищожението на Охридската патриаршия“, е македонска народна песна напишана од Григор Прличев, писател од Македонија во преродбениот период.
„1762 лето“ | |
---|---|
Песна од Григор Прличев, Мiзар | |
Јазик | македонски |
Објавена | околу 1870 година[1][2] |
Жанр | македонска народна музика, етно, готик рок/дарквејв |
Должина | 4:25 (Мiзар)[3] до 21:00, во зависност од изведбата на фолк ансамблот.[4] |
Композитор(и) | непознат, со разни современи аранжмани |
Текстописец | Григор Прличев |
Песната првично била објавена во бугарскиот периодичен научен магазин „Зборник за фолклор, наука и литература“ во Софија, Бугарија (1894).[5]
Песната го опишува укинувањето на Охридската архиепископија, што се случило во 1767 година, и заминувањето на нејзиниот последен архиепископ Арсениј Втори од Охрид. Била многу популарна во Македонија, а особено во Охрид, во последните децении на XIX век.[6][7][8] Првпат била изведена во Охрид кратко време по венчавката на Прличев околу 1870 година. Според Прличев и другите современици,[9] песната придонела повеќе за конечната победа на македонското движење во Македонија против Вселенската патријаршија во Цариград отколку многуте претходни напори од Бугарите.
Во 1953 година, песната е преведена и објавена од издавачката куќа Кочо Рацин во Скопје за прв пат на литературен македонски јазик од Тодор Димитровски во „Автобиографија; Сердарот“, по повод 60-годишнината од неговата смрт.[10]
Песната има јасен епски карактер.