.uk
највисок државен домен на Обединетото Кралство / From Wikipedia, the free encyclopedia
.uk — највисок државен домен за Обединето Кралство Голема Британија и Северна Ирска. Од март 2012 година, е четврт најкористен највисок домен по .com, .de и .net), со преку 10 милиони регистрации.[4][5]
Воведен | 1985 |
---|---|
Тип на домен | Највисок државен домен |
Состојба | Активен |
Регистар | Nominet UK |
Покровител | Nominet UK |
Наменета употреба | Ентитети поврзани со ![]() |
Фактичка употреба | Користен во О.К., особено поддоменот .co.uk |
Регистрирани домени | 10.548.616 (31 јануари 2014)[1] |
Ограничувања на рестрацијата | Беше забрането до 10 јуни 2014 [2][3] да се регистрира доменско име под доменот .uk. Без ограничувања за .co.uk, .me.uk, and .org.uk;други поддомени имаат некакви ограничувања |
Состав | Директни регистрации на второ и трето ниво под општи категории на второстепени домени, со исклучок на.sch.uk каде регистрацијата е на четврто ниво |
Правила при спор | DRS Policy |
Мреж. место | nic.uk |
DNSSEC | да |
Во октомври 1984, RFC 920[6] го започбнало создавањето на домени со употреба на државните кодови добиени од кодовите со две букви според список на ISO 3166-1. GB е кратенката за земјата во ISO 3166.Но, доменот .uk бил создаден одвоено пред да се користи списокто со ISO кратенките.[7] Последователно, .gb не се користел и не можеле да се направат регистрации под тој домен.
Нови регистрации директно под доменот .uk се прифаќаат од Nominet од 10 јуни 2014 година, но постои период за резаервации за постојаните корисници кои поседуваат запис со .co.uk, .org.uk, .me.uk, .net.uk, .ltd.uk or .plc.uk domain to claim the corresponding .uk domain, и овој период же трае до 10 јуни 2019 година.[8]
.uk го користи OpenDNSSEC од март 2010 година.[9]