‘Рскавичнокоскени риби (лат. Chondrostei) — поткласа на зракоперкови риби кои се одликуваат по тоа што нивниот скелетен систем е првенствено изграден од ‘рскавица, но се забележува и окоскување (осификација). Во оваа поткласа постојат 52 вида поделени во два реда - Acipenseriformes и Polypteriformes.

Кратки факти ‘Рскавичнокоскени рибиChondrostei Период: Мезозоик (Тријас) - денес, Научна класификација ...
‘Рскавичнокоскени риби
Chondrostei
Период: Мезозоик (Тријас) - денес
Thumb
Атлантска кечига, Acipenser oxyrinchus
Thumb
Нилски бихир, Polypterus bichir
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Класа: Actinopterygii
Поткласа: Chondrostei
Редови

Acipenseriformes
Polypteriformes

Затвори

Се смета дека предците на ‘рскавичнокоскените риби биле коскени риби, но окоскените делови биле изгубени во подоцнежниот еволуциски развиток. Постарите ‘рскавичнокоскени риби покажуваат зачтоци на окоскување на скелетот, што укажува на тоа дека овој процес е одложен наместо изгубен кај овие риби.[1]

Порано оваа група се класифицирала заедно со ајкулите: сличностите помеѓу нив се очигледни, и тоа не само по отсуството на коски, туку и структурата на вилицата е посродна со онаа од ајкулите отколку со другите коскени риби, а и кај двете групи отсуствуваат лушпи (со исклучок на кечигите). Меѓутоа, за разлика од нивниот надворешен изглед, фосилните наоди укажуваат на тоа дека овие риби имаат многу заеднички особини со телеостеите.[1] Додатни сличности се спиракулите и хетероцеркната опашка (прешлените се издолжуваат во поголемиот резен од опашната перка).

Поткласата Chondrostei е парафилетска, што значи дека таа не ги содржи сите потомци од еден заеднички предок; поради ова, не е исклучена ресистематизацијата на овој таксон.

Името на поткласата доаѓа од грчкиот збор хондрос што значи ’рскавица и остео што значи коска.

Систематика

Оваа поткласа е поделена во неколку редови, од кои само Acipenseriformes опстојува и денес, додека останатите се фосилни:

  • Cheirolepidiformes
  • Palaeonisciformes
  • Tarrasiiformes
  • Guildayichthyiformes
  • Phanerorhynchiformes
  • Saurichthyiformes
  • Acipenseriformes
  • Ptycholepiformes
  • Pholidopleuriformes
  • Perleidiformes
  • Luganoiiformes

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.