Хиератско писмо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хиератско писмо е курзивно писмо, коое го користеле службениците на фараоните во Египет и Нубија[1].
Кратки факти Хиератско писмо, Тип ...
Хиератско писмо | |
---|---|
Тип | логографски
|
Период | Накада III – трет век н.е. |
Јазици | Египетски јазик |
Сродни писма | |
Матични системи | Египетски хиероглифи
|
Изведени системи | Демотско писмо Библоска писменост |
ISO 15924 | |
Уникод | |
Оваа страница може да содржи фонетски симболи од меѓународната фонетска азбука (МФА). |
Затвори
Тоа се развивало паралелно со египетското хиероглифско писмо, со кое било блиско поврзано. Најчесто било пишувано со мастило и четка од трска врз папирус, тоа им овозможувало на писарите да пишуваат многу побрзо отколку со хиероглифското писмо.
Во 2 век од нашата ера, терминот „хиератско“ за прв пат било употребено од Свети Климент Александриски. Овој збор потекнувал од грчката фраза „γράμματα ἱερατικά“, што буквално значело „свештеничко писмо“. Во тоа време, хиератското писмо се користело за пишување на религиозни текстови, што и било негова основна употреба во претходните илјадници години[2].