From Wikipedia, the free encyclopedia
Таблосликарство — помошен сликарски медиум широкораспространет на Западот за време на околу 300 години, од доцниот XII до XVI век, по што уследило сликањето на платно со маслени бои. „Таблата“ се правела од дрво со напластена варна мешавина врз него и образувала црвста, мазна површина, слична на слонова коска, и потоа се сликала со боја на основа на жолчка. Ваквите слики обично се поставувале во цркви како олтарни табли, или пред или зад олтарот-како визуелно обогатување на проповедта—додека во подоцнежниот период била вградувана во мебелот. Заедно со фреската, ваквите табли биле главните медиуми на готското сликарство.
Таблосликарсвото е многу старо; знаеме дека постоело во Стара Грција и Рим, но останати се многу малку примероци. Истото играло важна улога и во византиската уметност но и тука, многу малку се сочувани денес заради иконоборството во IX век.
Во доцниот XII век таблосликаството повторно заживеало во западна Европа заради новите литургиски обичаи—свештеникот и собирот сега биле на истата страна од олтарот, ослободувајќи го местото зад олтарот за прикажување на некоја света слика—и затоа олтарските декорации почнале да се бараат. Најраните облици на таблосликарството биле досали (олтарски позадини), олтарски преднини и распетија. Сите биле сликани со религиозни слики, обично со Богородица и Исус, Исус, светци.
Златното доба на таблосликарството било во XIII и XIV век во Италија. Меѓутоа 99.9% од ваквите дела во Италија денес не постојат.
Во XV век со доаѓањето на хуманизмот, и промената на ставовите за улогата на уметноста и покровителството, таблоскиарството заземало други правци. Световната уметност овозможила сликање на ковчези, кревети, и друг мебел. Свеста за важноста на поединецот родила нова уметничка форма: портретот.
Таблосликарството биле популарни ширум западна Европа, но тоа вистински цветало во Италија. Италијанците развиле техники за изработка на таблите кои останале непроменети во следните 300 догини и повеќе, сѐ до појавувањето на масленото сликарство во XV век и стандардната употреба на платна во доцниот XVI век. Техниката ни е позната преку Ченино Ченини и неговата книга Прирачник на мајсторот (Il libro dell' arte) издадено во 1390. Ова бил макотрпен процес:
По изработката на дрвената табла, се правел нацрт на сликата со ќумур, се правеле поправки и дотерувања, сѐ додека не се добиела замислата на уметникот. Потоа користејќи мали четкички натопени во мешавина од пигмент и жолчка (т.е. темнпера), истата се сликала со многу мали потези. Бидејќи температа се суши бргу и не трпи грешки, секој потег бил една и единствена шанса и затоа грешки не смееле да се прават. Овој приморан перфекционизам ја диктирал природата и стилот на самата ваква уметност.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.