Анархизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Анархизам — политичка теорија која се залага за елиминација на задолжителната власт (државата) како непотребна, штетна и непосакувана и го поддржува укинувањето на сите политички, економски и општествени хиерархии.[1][2][3][4][5] Таквото општество за кое се залагаат анархистите, тие го нарекуваат анархија. Анархизмот може да се дефинира и како, став дека општеството може и треба да биде организирано без насилната држава. Анархизмот вообичаено е сметан за радикална левичарска идеологија.[6][7][8] Постојат многу типови и традиции на анархизам, не сите од нив се меѓусебно исклучиви.[9] Анархистите имаат различни ставови за економската и легалната организација на општеството: некои претпочитаат колективистички анархизам, анархосиндикализам или партиципаторна економија, додека други поддржуваат пазарна економија и приватна сопственост како мутуализмот, а други пак, како анархокомунистите предлагаат економија на подароци, т.е. „на секому според потребите“. Уште од 1890-тите во Франција терминот „либертеријанизам“ често се користел како синоним за анархизмот и тоа било така сè до 1950-тите кога во САД тој збор добива поинакво значење, но надвор од САД сѐ уште се употребува тој збор како синоним со анархизмот.
Општествени уредувања |
---|
Дел од темата Политика |
Список на општествени уредувања
|
Портал Политика · уреди |