Шкотска национална антарктичка експедиција
From Wikipedia, the free encyclopedia
Шкотската национална антарктичка експедиција (ШНАЕ), 1902–1904 година — научна и истражувачка експедиција на Антарктикот во 1902 до 1904 година, организирана и водена од Вилијам Спирс Брус, природен научник и поранешен студент по медицина од Универзитетот во Единбург. Иако екпедицијата била засенета во однос на престижот од истовремената експедиција на „Дискавери“ на Роберт Фалкон Скот, ШНАЕ завршила целосна програма за истражување и научна работа. Нејзините достигнувања вклучуваат воспоставување на метеоролошка станица со персонал, прва на територијата на Антарктикот и откривање на нова земја на исток од Веделското Море. Нејзината голема колекција на биолошки и геолошки примероци, заедно со оние од претходните патувања на Брус, довеле до основање на Шкотската океанографска лабораторија во 1906 година.
Експедицискиот брод „Шкотска“ | |
Спонзор | Обединето Кралство Шкотска |
---|---|
Лидер | Вилијам Брус |
Почеток | 1902-1904 |
Цел | Основана метеоролошка станица на островот Лори Мерење на длабочините на Јужниот Океан, метеоролошки и магнетни проучувања Колекција на биолошки и геолошки примероци за собирање |
Бродови | Шкотска |
Екипаж | 31 |
Преживеани | Инженерот Алан Ремзи почина од срцев удар |
Достигнувања | Откриена Коутсовата Земја |
Брус го поминал поголемиот дел од 1890-тите ангажиран во експедиции на Антарктикот и Арктичкиот регион, а до 1899 година бил најискусниот британски поларен научник. Во март истата година, тој се пријавил да се приклучи на експедиција на „Дискавери“; сепак, неговиот предлог да се прошири полето на работа на таа експедиција во квадрантот на Веделското Море, користејќи втор брод, бил отфрлен како „немирно ривалство“ од претседателот на Кралското географско друштво, Сер Клементс Маркам. Брус реагирал со добивање независни финансии; неговиот потфат бил поддржан и промовиран од Кралското шкотско географско друштво.
Експедицијата е опишана како „далеку најисплатлива и внимателно планирана научна експедиција на херојското доба“. [1] И покрај ова, Брус не добил формална чест или признание од британската влада, а на членовите на експедицијата им бил ускратен престижниот Поларен медал и покрај енергичното лобирање. По експедицијата, Брус не водел повеќе експедиции на Антарктикот, иако редовно патувал на Арктикот. Неговиот фокус на сериозно научно истражување бил надвор од мода со неговото време, а неговите достигнувања, за разлика од оние на поларните авантуристи Скот, Шеклтон и Амундсен, наскоро исчезнале од јавната свест. Постојаниот споменик на експедицијата е метеоролошката станица „Оркадас“, која била поставена во 1903 година како „Омондова куќа“ на Лориевиот Остров, Јужен Оркнис, и оттогаш е во континуирана работа.