From Wikipedia, the free encyclopedia
Шепсескаф бил шестиот и последен фараон од Четвртата династија на Египет за време на Старото Кралство. Тој владеел 6 до 8 години, почнувајќи од околу 2510 п.н.е. Единствените активности кои се цврсто достапни за неговото владеење се завршувањето на храмскиот комплекс на Микериновата пирамида и изградбата на сопствена гробница мастаба во јужна Сакара, Мастабат ал Фираун, „камена клупа на фараонот“.[3]
Шепсескаф | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Себерчерес, Северкерис | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Картуш на Шепсескаф од Кралскиот список од Абидос. | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владеел | 6 до 8 години[1] starting ca. 2510 BC, Четврта династија | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Претходник | Менкауре | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наследник | Усеркаф (најверојатно) или Џедефптах | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
| |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Сопружници | Кенткаус I ? Бунефер ? | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Деца | Џедефптах ? Бунефер ? Камаат ? | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Татко | Менкауре | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Мајка | Камерернебти II ? Рекетре ? | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Закопан | мастабет ал-Фара'ун | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Споменици | Завршување на комплексот на Микериновата пирамида |
Семејството на Шепсескаф е неизвесно. Египтологот Џорџ Ендру Реиснер смета дека Шепсескаф бил син на Менкауре, врз основа на декрет во кој се наведува дека Шепсескаф го завршил комплексот на Менкауре. Ова, сепак, не може да се смета за солиден доказ, бидејќи декретот не го опишува односот меѓу овие двајца кралеви. Понатаму, завршувањето на гробот на починатиот фараон од страна на неговиот наследник не мора да зависи од директната врска помеѓу татко и син.[4]
Мајката, жените и децата на Шепсескаф се непознати. Ако Менкауре навистина му бил татко, неговата мајка можела да биде една од кралските жени на Менкауре, Камерернебти II или Рекетре. Можно е дека сопругата на Шепсескаф била Кенткаус I, но тоа не е сигурно. Кралицата Бунефер е предложена како можна сопруга на Шепсескаф врз основа на титули како свештеничка на Шепсескаф. Но, може да била ќерка која служела како свештеничка во култот за нејзиниот татко. Конечно, Камаат, жената на благородник по име Птахсепсес и ќерка на цар, може да биде ќерка на Шепсескаф или на Усеркаф.[5]
Најверојатно Шепсескаф бил последниот фараон на Четвртата династија, ако не бил наследен од непознат владетел наречен Тамфтис, како што е запишано во некоја египетска литература и, индиректно, во Торинскиот Канон. Ниту еден владетел наречен Тамфтис не е запишан во други документи како што се кралските споменици или приватните гробници од гробиштата на Старото Кралство во Гиза и Сакара, кои датираат од овој период.[6] Дворјанинот Нетри-несут-пу експлицитно ја навел во својата гробница оваа низа кралеви од Старото Кралство на кои тој им служел: Раџедеф → Кафре → Менкауре → Шепсескаф, како и имињата на првите тројца кралеви од Петтата династија, односно Усеркаф, Сахуре и Нефериркаре.[7]
Владеењето на Шепсескаф е потврдено преку погребните натписи направени од официјалните лица кои му служеле. Овие најчесто се наоѓаат во Гиза и Сакара. Фактот што многу од овие натписи го спомнуваат Шепсескаф без понатамошни детали, укажува на краткотрајноста на неговото владеење.
Кралскиот список од Торино на Шепсескаф му припишува владеење од четири години, а на неговиот анонимен наследник од 4-та династија, владеење од две години. Спротивно на тоа, Списокот на Манетон јасно му дава на Шепсескаф владеење од седум години, што може да биде комбинација од 4 + 2 (= 6) бројки забележани во списокот од Торино за последните два крала на Четвртата династија, плус значителен број месеци од седмата година. Меѓутоа, Списокот на Манетон, исто така, го забележува постоењето на непознатиот и можеби фиктивен владетел Џедефптах, наречен Тамптис во неговите записи - на кој му припишува владеење од девет години.
Каменот од Палермо ја опишува првата година од владеењето на Шепсескаф. Шепсескаф е потврден како непосреден наследник на Менкауре и очигледно бил крунисан на единаесеттиот ден од четвртиот месец. Анализите на расположливиот простор помеѓу почетокот на неговото владеење и неговиот наследник укажуваат на тоа дека Шепсескаф не владеел повеќе од седум години.[8] Конечно, каменот на Палермо покажува дека за време на неговата прва година на престолот биле избрани местото и името на гробот на Шепсескаф. Името на гробот е напишано со одредница за пирамида.[9]
Гробот на Шепсескаф е голема мастаба во Сакара, која првично се викала Шепсескаф е прочистен, а сега е позната како Мастабат ал Фир'аун. Оваа мастаба за првпат била препознаена од страна на Ричард Лепсиус во средината на 19 век и била прво ископана во 1858 од Аугуст Мариет. Сепак, дури во 1924-1925 година мастабата била темелно истражена од страна на Густав Џекиер. Мастабата првично се сметаше за гроб на кралот Унас од 5-та династија, но Џекиер открил докази дека му припаѓала на Шепсескаф. Тој открил стела од Средното Кралство, што укажува дека култот кон починатиот Шепсескаф сѐ уште бил активен во тој временски период.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.