![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/15/Charles_Aznavour_Cannes.jpg/640px-Charles_Aznavour_Cannes.jpg&w=640&q=50)
Шарл Азнавур
американско-француски шансониер / From Wikipedia, the free encyclopedia
Шарл Азнавур (роден како Шахнур Вагинаг Азнавуријан, ерменски: Շահնուր Վաղինակ Ազնավուրեան; 22 Мај 1924 – 1 октомври 2018)[1][Белешки 1] бил француски[2] пејач, лиричар, глумец, активист и дипломат. Познат по неговиот карактеристичен глас[3], во тек на неговата 70 годишна кариера, снимил повеќе од 1,200 песни испејани на осум јазици.[4] Бил автор или соавтор на повеќе од 1.000 песни за себе и за другите. Азнавур бил еден од најпопуларните француски пејачи.[5] Продал 180 милиони плочи[6][7][8][9] во текот на неговиот живот и бил наречен Френк Синатра[10] на Франција додека музичкиот критичар Стивен Холден го опишувал Азнавур како "француско поп божество".[11] Тој веројатно е најпознатиот Ерменец на своето време.[12][13] Во 1998 година, Азнавур бил прогласен за Забавувач на Векот од страна на CNN и корисниците на Тајм Онлајн од целиот свет. Бил прогласен за изведувач на векот, со околу 18% од вкупните гласови, на рамниште со Елвис Присли и Боб Дилан.[14] Азнавур пеел за претседатели, папи, членови на кралското семејство, како и на хуманитарни настани. Како одговор на земјотресот од 1988 година во Ерменија, тој ја основал добротворната организација Азнавур за Ерменија , заедно со неговиот долгогодишен пријател Левон Сајан. Во 2009 година, тој бил назначен за амбасадор на Ерменија во Швајцарија, како и за постојан делегат на Обединетите Нации од Ерменија во Женева.[15] Неговата последна турнеја била во 2014 година. На 24 август 2017 на Азнавур му била доделена 2,618-та ѕвезда на холивудскиот Булевар на славните. Подоцна истата година тој и сестра му ја добиле наградата Раул Валенберг за заштита Евреите за време на Втората светска војна. Неговиот последен концерт се одржал во НХК Хол, Осака, на 19 септември 2018.
Шарл Азнавур | |
---|---|
![]() Азнавур во 1999 година на Канскиот филмски фестивал. | |
Роден(а) | Шахнур Вагинаг Азнавуријан 22 мај 1924(1924-05-22) Париз, Франција |
Починал(а) | 1 октомври 2018(2018-10-01) (возр. 94) Муриес, Франција |
Занимање |
|
Активен период | 1933–2018 |
Сопружник | Мишелин Ригел (в. 1946; развод 1952) Евелин Плесис (в. 1956; развод 1960) Ула Торсел (в. 1967–2018) |
Деца | 6 |
Награди | Легија на честа (1997, 2001, 2004) Види Награди и признанија |