Шантарски Острови (национален парк)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Националниот парк Шантарски Острови (руски: Национальный парк Шантарские острова) е еден од најмладите национални паркови во Русија, основан во 2013 година. Паркот вклучува 15 острови, кои се ненаселени и се наоѓаат во близина на крајбрежјето на Хабаровскиот крај во Охотското Море на Рускиот далечен исток. Повеќето од островите се умерено планински, а највисоката точка е на 720 метри надморска височина. Паркот претходно беше државен резерват, основан во 1999 година, но беше формиран како сојузен национален парк во 2013 година. Тој доби статус на национален парк со цел за заштита на ранливите видови, со посебен акцент на заштита од лов и риболов и поддршка на научни студии и развој на еколошки туризам. Паркот е под надзор на Министерството за природни ресурси на Русија.[1]
Национален парк Шантарски острови | |
---|---|
МСЗП — Категорија II (национален парк) | |
Место | Хабаровски Крај |
Најблизок град | Чумикан |
Површина | 5.155 км2 |
Воспоставен(а) | 2013. године |
Управно тело | Федерално државна институција Национален парк Шантарски острови |