Шаинце (српски: Шајинце) или Шаинцисело во општина Трговиште, Пчињски Округ, Србија.

Кратки факти Шаинце Шаинце, Земја ...
Шаинце
Шаинце
Село
Thumb
Шаинце
Шаинце
Местоположба на Шаинце во Србија
Координати: 42°23′07″N 22°01′34″E
Земја Србија
Покраина Србија
ОкругПчињски Округ
ОпштинаТрговиште
Надм. вис.&10000000000000667000000667 м
Население (2011)
  Старац260
Час. појасCET (UTC+1)
  Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Поштенски код26201
Повик. бр.017
Рег. табличкиBU
Затвори

Историја

Црквата „Свети Јован Богослов“ е од XVIII век.[1] Во крајот на XIX век Шаинце е село во Прешевска каза на Османската империја. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година Шанци е населувано од 320 жители. Според патријашискиот митрополит Фирмилијан во 1902 година во Шаинце има 57 српски куќи под патријаршијата.[2][3] По податоци на секретари на Бугарската егзархија Димитар Мишев („Lа Mаcédoinе еt sа Populаtion Chrétiеnnе“) во 1905 година во Шаинци (Chаïntzi) има 320 жители.[4]

Во 2002 година во селото живеат 88 Срби, 1 Македонец и 1 Албанец.

Население

  • 1948: 311
  • 1953: 282
  • 1961: 253
  • 1971: 166
  • 1981: 113
  • 1991: 79
  • 2002: 90
  • 2011: 60

Родови

Шаинце е населено со српско население.

Според истражувањата од 1949 година, родови во селото:

  • Староседелци: Караминти (10 к.) куќите им се во маалото Река. Во турско време од овој род бил познат некој предок Стојан. Он бил мал по раст, но многу храбар. Тој често се борел против Турците и албанците. Додека бил тој жив албанците не смееле да пљачкаат по околината. Од овој род има иселеници во Црнотинце кај Прешево (две семејства) и во Ѓерекарце (Караминги или Грнчарци).
  • Доселеници: Црвенџици (3 к.) доселени се од Рељана кај Прешево. Во тоа населено место еден нивни предок бил свештеник. Таму жената на свештеникот убила некој Турчин кој им Упаднал во куќата., и од страв од одмазда избегале од старото место и се населиле во Шаинце. Го знаат следното родословие: Наталија (жива на 60 г. во 1949 година) Василије-Паша-Митко-Стојан, кој се доселил овде. Сите споменати предци (со исклучок на Митко) биле свештеници. Куќите им се наоѓаат во маалото Река. Имаат иселеници во Бујановац (едно семејство), Крагуевац (едно семејство) и во Прешево (две семејства); Чергарци (10 к.) доселени се од селото Кутлибег кај Кратово (поточно кумановско). Некои нивни предци оделе во посета на некои Роми чергари и по тоа го добиле името. Имаат иселеници во Врање (едно семејство), и во Каравуково во Војводина (две семејства); Големоглавци (9 к.) името го добиле по маалото во кое се населиле. Порано биле еден род со Чергарци, па имаат исто место на потекло, селото Кутлибег. Имаат иселеници во Биљача кај Прешево (едно семејство) и во Каравуково (едно семејство); Маркориѓани (10 к.) доселени се од соседното село Долна Трница. Од таму се доселила некоја жена со своите деца. Имаат иселеници во Врање (две семејства); Стрнорица (5 к.) доселени се однекаде. Куќите им се во маалото Марков рид.[5]

Иселеништво

Покрај наведените иселеници од родовите во селото има и други иселеници. Дрмосанци се иселени во селото Дубница кај Врање. Радуловиќи се иселени во Големи Дол кај Прешево. После 1912 година во Прешево се иселиле Јовановиќи, Стојковиќи и Поповиќи.

На некои родови ова село им служело како етапно место од каде се селеле во другите села. Родот Дедо-Марковци од Косово се доселил во ова село, од каде потоа преминал во паланечкото село Герман (македонски дел од Горна Пчиња). Стошини се наоѓаат во селото Шапранце, правото потекло им е од Ораховац кај Прешево, од таму се населиле во Шаинце, но по некое време преминале во Шапранце.[5]

Наводи

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.