From Wikipedia, the free encyclopedia
Чукарка — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Се наоѓа јужно во Прешевската долина веднаш до српско-македонската граница и магистралниот пат Белград-Скопје.
Чукарка Чукарка албански Çukarka | |
---|---|
село | |
Координати: 42°17′03″N 21°42′01″E | |
Држава | Србија |
Округ | Пчињски Округ |
Општина | Општина Прешево |
Население (2002) | |
• Вкупно | 512 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Повик. бр. | 017 |
Во селото постои џамија, српската црква Св. Ѓоргија, основно училиште и селски гробишта. Исто така има и воден резервоар, кое служи за снабдување на селото со вода.
Според пописот од 2002. селото имало 512 жители (според пописот од 1991 селото имало 526 жители).
Во селото Чукарка живеат 307 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 28,9 години (28,5 кај машките и 29,3 кај жените). Во селото има 105 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 4,88.
Ова село е главно населено со Албанци (според пописот од 2002 година).
Српското население во селото ги слават Св. Петка, Св. Архангел и Св. Никола. Населението е доселено од 1924. до 1931. година од Ристовац кај Врање, Горна Пчиња и други места.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.