Чинчила
From Wikipedia, the free encyclopedia
Чинчилите ― некое од двата вида (кратноопашестата чинчила и долгоопашестата чинчила) крепускуларни глодачи на малиот ред Caviomorpha. Тие се малку поголеми и поиздадени од копнените верверички, и потекнуваат од Андите во Јужна Америка.[3] Тие живеат во колонии наречени стада на големи височини до 4,270 м. Историски гледано, чинчилите живееле во област што вклучувала делови од Боливија, Перу, Аргентина и Чиле, но денес, колониите во дивината се познати само во Чиле.[4] Заедно со нивните роднини, вискачите, тие го сочинуваат семејството чинчили. Тие се исто така поврзани со чинчилскиот стаорец.
Чинчила | |
---|---|
Долгоопашеста чинчила во Зоо Вроцлав во Полска. | |
Научна класификација | |
Видови[1][2] | |
| |
![]() | |
Опсег на двата вида чинчили.
Кратноопашеста чинчила
Долгоопашеста чинчила |
Чиншилата има најгусто крзно од сите цицачи кои живеат на копно. Во водата, морската видра има погусто крзно.[5] Чинчилата е именувана по народот Чинча на Андите, кои некогаш го носеле своето густо крзно, слично на кадифе.[6] До крајот на 19 век, чинчилите станале доста ретки откако ги ловеле за крајно мекото крзно.[7] Повеќето чинчили што во моментов ги користи крзнената индустријата за облека и други додатоци, се одгледувани на фарма.[8] Домашните чинчили кои потекнуваат од C. lanigera понекогаш се чуваат како домашни миленици и може да се сметаат за еден вид на малечко милениче.