Чај со млеко или млечен чај се однесува на неколку пијалаци кои се консумираат во многу култури, а кои се состојат од некоја комбинации на чај и млеко. Терминот чај со млеко се користи и за топли и за ладни пијалаци кои можат да се комбинираат со различни видови млека и различни зачини. Ова е популарен начин на послужување на чај во многу земји и е стандарден вид на чај во многу земји од Јужна Азија. Пијалаците се разликуваат во зависност од количината на клучните состојки, начинот на подготовка и вклучувањето на други состојки (кои варираат од шеќер или мед до сол или кардамон).[1] Чајот со млеко е стандарден вид на чај во Индија и Пакистан, каде што се нарекува чаи (chai).[2]

Thumb
Древнa кинескa тргoвијa со чај во замена за коњи

Варијации

Кинески чај со млеко

Thumb
Кинески чајни тули за тргување

Во древна Кина, чајот првенствено се конзумирал поради неговата содржина на кофеин. Млекото историски се сметало за значаен пијалак меѓу номадските заедници и го симболизирал нивниот културен идентитет.[3] Како што номадското население мигрирало на југ, потрошувачката на млеко постепено растела во регионот на Централните рамнини, а историјата бележи дека царот Дезонг од династијата Танг кога правел чај додавал преработено и ферментирано млеко и открил дека тој пијалак бил вкусен.[4] Оттогаш, чајот со млечко станал сè попопуларен на пазарите во тој дел на Азија.[5]

Гресленд

Гресленд чајот со млеко честопати се нарекува солен млечен чај поради подготовката. Во пастирските региони на Кина, како што се Внатрешна Монголија, Шјинџјианг и Тибет, номадските заедници го следат процесот во почетно дробење на листови на чајот, а потоа ги додаваат во врела вода.[6] Чајот потоа се проврива, па се додава млеко кое се меша во смесата. На крајот се додава соодветна количина на сол, што доведува до завршеок на подготовка на млечниот чај. Солта исто така се користи за доготрајно складирање бидејќи ордите се соочувале со патувања на големи одалечености и екстремни временски услови.[7][8]

Thumb
Чај со млеко во Хонгконг

Хонгконг

Хонгконшкиот чај со млекот настанал под влијание на британскиот чај со млеко од периодот на британското колонијално владеење. Бидејќи вкусот на британскиот млечен чај не бил многу силен, луѓето во Хонгконг го промениле овој пијалак со додавање на мелен цејлонски црн чај, кој вообичаено се нарекувал шриланкански црн чај. Поради сличниот изговор, млечниот чај од Шри Ланка се преведува во млечен чај Силанг во Хонгконг. Процесот на правење на чајот Силанг со млеко има шест чекори: стругање на чајот, варење на чајот, печење на чајот, инфузија на чајот и додавање на млекото. Чајот во процесот на правење бил пропуштан низ сито, што довело до називот, „млечен чај од свилено црево“. Згора на тоа, во чајот се додавало засладено кондензирано млеко (испарено млеко).[9]

Thumb
Тајвански бабл млечен чај

Тајвански чај со млеко

Тајванскиот чај со млеко е широко попознат како бабл чај или бабл ти. Настанал во 17 век, кога го донеле Холанѓаните. Боба е кружен скробен прав кој изгледа како бисер. Пред да се додаде во чајот со млеко, обично се потопува во сируп. Ова се прави за да се осигура дека кога топчето во прав се меша со слаткиот чај од млеко, да ја задржи својата природна слаткост.[10] Бабл чајот добил толку значајна улога во претставувањето на тајванската култура што луѓето во Тајван го обележуваат 30 април секоја година како Национален ден на бабл чај.[11]

Thumb
Чај со млеко кој се служи во Индија

Британски чај со млеко

Во Британија, кога топол чај и ладно млеко се пијат заедно, пијалакот е едноставно познат како чај бидејќи огромното мнозинство чајот го консумираат на тој начин. Терминот чај со млеко не се користи, иако може да се наведе чај со млеко доколку контекстот го бара тоа. Ова може да предизвика забуна кај луѓето од културите кои традиционално пијат чај без млеко.

Наводи

Дополнителна литература

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.