Црнобрад
англиски пират / From Wikipedia, the free encyclopedia
Едвард Тич (англиски: Edward Teach) (околу 1680 – 22 ноември 1718) или попознат како Црнобрад (Blackbeard) — еден од најпознатите англиски пирати во Карипското Море и западните делови на Атлантскиот Океан во почетокот на XVIII век, период којшто е познат и како златна ера на пиратството. Неговиот брод Одмазда на кралицата Ана е еден од најпознатите пиратски бродови, за којшто се верува дека заринкал на брегот во 1718.
Црнобрад многу често се борел во битки, а познат е по тоа што носел трико, а со себе имал повеќе мечеви, ножеви и пиштоли. Во Генералната историја на кражбите и убиствата на најстрашните пирати се вели дека тој со канабис и чкорчиња коишто ги пуштала неговата црна птица ги збунувал противниците. За Црнобрад се вели дека бил архетипска слика на пиратството.