црква во Солун From Wikipedia, the free encyclopedia
Пресвета Богородица Неракотворна (грчки: Παναγία Αχειροποίητος) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.[1] Од 1988 г. црквата е дел од светското наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.[2][3]
Пресвета Богородица Неракотворна | |
---|---|
Παναγία Αχειροποίητος | |
Поглед на црквата | |
40°38′5.9″N 22°56′52.3″E | |
Место | Солун |
Земја | Егејска Македонија, Грција |
Вероисповед | Цариградска патријаршија |
Архитектура | |
Архит. тип | трикорабна базилика |
Завршена | V век |
Управа | |
Епархија | Солунска |
Храмот се наоѓа на главната солунска улица „Егнатија“, во западниот крај на античката агора.
Според тулите и мозаиците, црквата датира од околу 450–470 г. Храмот претрпил архитектонски уште во VII век, а поозбилни промени датират од доцновизантискиот период во XIV – XV век. Црквата е трикорабна базилика со дрвени настрешници на покривот, која завршува на исток со полукружна апсида. Останати се неколку мозаици од V век, кои се истакнуваат поради високата уметничка изведба. Има живопис од XIII век. Црквата е изградена врз римска бања. Базиликата се споменува во писмени извори како црквата на Дева Марија, па дури и како Голема катедрала на Успението Богородично. Името Неракотворна (Ахиропиитос) е за првпат посведочено во документ од 1320 г.[1]
„Пресвета Богородица Неракотворна“ е првата црква претворена во џамија веднаш по освојувањето на Солун во 1430 г. од Мурат II и останала џамија во текот на целото османлиско владеење под името Ески Џума[4] или Ески-џамија (Стара џамија). Иако претрпела доста обнови во нејзината долга историја, црквата се смета за еден од најдобро зачуваните и значителни примери за типичните базилики со галерии од византискиот период.[1]
Натписот од султанот Мурат е зачуван во северната колонада, на осмиот столб од исток.[5]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.