Црква Света Софија (Киев)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Црква Света Софија Собор святої Софії | |
Православна катедрала | |
Поглед кон црквата | |
Потекло на името: Света Софија | |
Земја | Украина |
---|---|
Capital city | Киев |
Окрузи | Шевченко, Национално светилиште Света Софија, Комплекс Света Софија |
Општина | Киев |
Знаменитости | Катедрала Света Софија, камбанарија, Трапезална црква, Конзисторија, Митрополитска катедрала |
Координати | 50°27′10″N 30°30′52″E |
Должина на катедралата | 29,5 м |
- Length w/galleries | 41,7 м |
Width of cathedral | 29,3 м |
- Width w/galleries | 54,6 м |
Height of main dome | 28,6 м |
Стилови | Византиска архитектура, барок |
Основано | Православна катедрала |
- основано 1 | Грко-католичка катедрала |
- основано 2 | Претворена во православна црква |
Датум | 11th century |
- датум 1 | 1596 |
- датум 2 | 1630s |
Управа | Министерство за култура на Украина |
Водач | Нелја Куковалска |
Светско наследство на УНЕСКО | |
Име | Киев: катедралата Света Софија и сродни монашки објекти |
Година | 1990 (#14) |
Број | 527 |
Регион | Европа и Северна Америка |
Критериуми | i, ii, iii, iv |
Признавање | Седум чуда на Украина[1] |
Портал: www.sophia.org.ua | |
Катедралната црква Света Софија (украински: Собор Святої Софії или Софійський собор) се наоѓа во Киев, Украина, и претставува исклучителен архитектонски споменик на Киевска Русија. Денеска, христијанскиот храм е еден од најпознатите во градот и место кое е вклучено во списокот на светско наследство на УНЕСКО, заедно со Киевско-печерската лавра. Целиот комплекс од катедралата вклучува неколку градби од кои најатрактивни се камбанаријата и Домот на митрополитот. Во 2011 година, историскиот комплекс преминал во надлежност во Министерството за култура на Украина. Една од главните причини за ова било тоа што овој комплекс и Киевско-печерската лавра се признаени од страна на УНЕСКО, а во Украина двата комплекса биле регулирани од различни државни органи.