Црвени Брегови
село во Општина Неготино, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
село во Општина Неготино, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Црвени Брегови — село во Општина Неготино, во областа Тиквеш, во околината на градот Неготино.
Црвени Брегови | |
Поглед на селото | |
Координати 41°32′17″N 22°05′08″E | |
Регион | Вардарски |
Општина | Неготино |
Област | Тиквеш |
Население | 182 жит. (поп. 2021)[1] |
Пошт. бр. | 1440 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 18030, 18031 |
Надм. вис. | 130 м |
Црвени Брегови на општинската карта Атарот на Црвени Брегови во рамките на општината | |
Црвени Брегови на Ризницата |
Селото се наоѓа во северниот дел на областа Тиквеш, на западната страна на територијата на Општина Неготино, непосредно од десната страна на реката Вардар.[2] Селото е рамнинско, на надморска височина од 130 метри. Од градот Неготино, селото е оддалечено осум километри.[2]
Атарот има средна големина и зафаќа простор од 16,7 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 736 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 698 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција. Во селото има услужни објекти, а во минатото работела земјоделска задруга.[2]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото во 1961 година имало 518 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 156 жители, од кои 87 биле Македонци, 27 Албанци, 14 Турци, 13 Роми и 8 жители Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Црвени Брегови имало 170 жители, од кои 90 Македонци, 27 Албанци, 17 Турци, 34 Роми и 2 Срби.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 182 жители, од кои 60 Македонци, 5 Албанци, 9 Турци, 1 Ром, 85 останати и 22 лица без податоци.[4]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Црвени Брегови:
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 7 |
1953 | 432 | 79 | 14 | 0 | 2 | 3 | 3 | — | 533 |
1961 | 359 | 147 | 0 | 0 | 0 | 12 | 0 | — | 518 |
1971 | 259 | 45 | 4 | 0 | — | 11 | 11 | — | 330 |
1981 | 162 | 29 | 13 | 0 | 0 | 3 | 3 | — | 210 |
1991 | 105 | 25 | 16 | 26 | 0 | 6 | 3 | — | 181 |
1994 | 87 | 27 | 14 | 13 | 0 | 8 | 7 | — | 156 |
2002 | 90 | 27 | 17 | 34 | 0 | 2 | 0 | — | 170 |
2021 | 60 | 5 | 9 | 1 | 0 | 0 | 85 | 22 | 182 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Во XIX век, Црвени Брегови било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Селото се наоѓа во Општина Неготино, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Неготино. Селото припаѓало на општината Неготино и во периодот 1957-1962 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Пепелиште, во која покрај селото Црвени Брегови, се наоѓале и селата Брусник, Војшанци, Јанешево, Калањево, Криволак, Липа, Пепелиште, Пештерница и Џидимирци.
Во селото постои избирачкото место бр. 1237 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 154 гласачи.[6] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 163 гласачи.[7]
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.