![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/13/Kettenkarussel.jpg/640px-Kettenkarussel.jpg&w=640&q=50)
Центрифугална сила
From Wikipedia, the free encyclopedia
Центрифугална сила — инерцијална сила, која што се појавува при вртење во круг и е насочена радиално од оската на вртење кон надвор. Често е предизвикана од инерцијата на телото. Последиците, односно влијанието на центрифугалната сила се често забележливи во секојдневниот живот, пример за тоа е центрифугата на машината за перење на алишта којашто ја исфрла водата нанадвор, исто така при возењето на мотор, велосипед при што возачот мора да се навалува, односно да “легнува” на кривината. Во класичната механика центрифугалната сила означува
- ... отпорот на кого телото по принципот на инерција се спротивставува на промената на неговиот правец на движење, кога се движи по искривена патека. Центрифугалната сила е спротивна на центрипеталната, но тие се исти по големина. Во случајов центрифугалната сила е онаа која што ја предизвикува промената на правецот на движење. Во алембертовата инерција стојат центрифугалната и центрипеталната сила во рамнотежа.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/1/13/Kettenkarussel.jpg/640px-Kettenkarussel.jpg)
- ... сила која што треба да се земе предвид, кога движењето на телото се однесува на еден вртечки систем[3] . Оваа инертност се среќава исто така и при отсуството на центрипетална сила, сепак никогаш во инерцијален систем. Центрифугалната сила е прецизна сила. Таа не соодветствува со принципот на акција и реакција.