Централни Источни Алпи
планински венец на Алпите / From Wikipedia, the free encyclopedia
Централни Источни Алпи (германски: Zentralalpen или Zentrale Ostalpen; означувани и како Австриски Централни Алпи, Österreichische Zentralalpen или само како „Централни Алпи“)[1] — главен планински венец на Источните Алпи во Австрија и блиските области во Швајцарија, Лихтенштајн, Италија и Словенија.
Кратки факти Централни Источни Алпи, Највисока точка ...
Централни Источни Алпи | |
---|---|
Zentrale Ostalpen | |
Групата Венедигер на Високите Таури | |
Највисока точка | |
Врв | Бернина |
Надм. височина | 4049 м |
Координати | 46°22′56.6″N 9°54′29.2″E |
Географија | |
Земји | |
Делови | Список
|
Матичен венец | Источни Алпи |
Геологија | |
Горообразба | алпска |
Период | мезозоик и терцијар |
Вид карпа | гнајс и шкрилец |
Затвори
Терминот „Централни Алпи“ е многу чест во австриската географија како еден од седумте главни области во земјата. „Централни Источни Алпи“ главно се користи во поврзаност со алпската клупска класификација на Источните Алпи (Alpenvereinseinteilung, AVE). Централните Алпи го создаваат источниот дел на алпската линија, средиштен планински венец, како и оние венци кои се протегаат на север и југ.