Хипоксантин
хемиско соединение / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хипоксантинот е природен пурински дериват. Повремено се наоѓа како составен дел на нуклеинските киселини, каде што е присутен во антикодонот на тРНК во форма на неговиот нуклеозид инозин. Тој има тавтомер кој е познат како 6-хидроксипурин. Хипоксантинот е неопходен додаток во одредени култури на клетки, бактерии и паразити, како подлога и извор на азот. На пример, тој е неопходен супстрат во култури на паразитот на маларија, бидејќи Plasmodium falciparum бара извор на хипоксантин за синтеза на нуклеински киселини и за енергетски метаболизам.[1]
Назив според МСЧПХ 1H-пурин-6(9H)-он | |
Назнаки | |
---|---|
68-94-0 Ок | |
ChEBI | CHEBI:17368 Ок |
ChEMBL | ChEMBL1427 Ок |
ChemSpider | 768 Ок |
IUPHAR/BPS |
4555 |
3Д-модел (Jmol) | Слика |
KEGG | C00262 Ок |
MeSH | Hypoxanthine |
PubChem | 790 |
| |
UNII | 2TN51YD919 Ок |
Својства | |
Хемиска формула | |
Моларна маса | 0 g mol−1 |
Дополнителни податоци | |
Ок(што е ова?) (провери) Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
Наводи |
Во август 2011 година, НАСА објавила дека хипоксантин и сродни органски молекули, вклучувајќи ги и основните азотни бази на ДНК и РНК, аденин и гванин, се откриени во метеорити пронајдени на Земјата, што укажува на тоа дека тие може да се синтетизираат во вселената.[2][3][4]