Хиена
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хиените — членови на цицачи од семејството Hyaenidae и од редот Carnivora. Видовите од ова семејство се среќаваат во Африка и Азија, а тие се пругавата гиена и кафеавата хиена (од родот Hyaena) и дамчестата хиена (род Crocuta) и хиените од родот Proteles. Мршојадец е, што значи дека се храни со пцовисани животни, но е многу успешен ловец. Таа е дури и еден од врвните грабливци во своето живеалиште. Живее во групи - кланови, кои бројат и до 80 членови. Во клановите, женките се подоминантни од мажјаците и тие остануваат во истиот клан целиот свој живот, додека мажјаците заминуваат кога ќе пораснат. За лов, клановите се разделуваат на помали групи, од 3-5 членови, додека поголем плен, како зебри, ловат во поголеми групи.Освен во савани, живеат и во полупустини, честаци, па дури и во планински шуми. Женките котат најчесто две млади, иако може да ги има до четири и ги дојат уште 14-18 месеци. Хиените се познати по нивните гласови, кои наликуваат на кикотење. Меѓутоа дамчестата хиена произведува низа од различни гласови, кои се користат за меѓусебна комуникација.
Хиени Период: Ран Миоцен - денес | |
---|---|
Дамчеста хиена | |
Научна класификација | |
Царство: | Animalia |
Колено: | Chordata |
Класа: | Mammalia |
Ред: | Carnivora |
Подред: | Feliformia |
Семејство: | Hyaenidae Греј, 1821 |
Рецентни родови | |
| |
Синоними | |
|