град во Кадис, Шпанија From Wikipedia, the free encyclopedia
Херес де ла Фронтера или само Херес (шпански: Jerez de la Frontera) — град и општина во покраината Кадис, во автономната заедница Андалусија, во југозападна Шпанија, сместена на средина помеѓу морето и планините. Градот е најголем во покраината со близу 215.000 жители, петти по големина во Андалусија. Станал сообраќаен и комуникациски јазол на покраината, надминувајќи го дури и Кадис, покраинскиот главен град, во економска смисла. Херес де ла Фронтера е исто така, во поглед на површина, најголема општина во покраината и нејзината голема површина содржи голем дел плодна почва за земјоделство. Исто така, постојат и многу фарми и ергелиња, а воедно е развиено и винарството.
Херес Jerez de la Frontera | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Катедралата во Херес | |||
Местоположба на Херес де ла Фронтера во рамките на покраината Кадис | |||
Местоположба во Андалусија | |||
Местоположба во Шпанија | |||
Координати: 36°42′N 6°7′W | |||
Држава | Шпанија | ||
Автономна заедница | Андалусија | ||
Покраина | Кадис | ||
Комарка | Кампиња де Херес | ||
Судски округ | Херес де ла Фронтера | ||
Заедница | Мунисипиос де ла Баија де Кадис | ||
Управа | |||
• Градоначалник | Марија Хосе Гарсија-Пелајо Хурадо (PP) | ||
Површина | |||
• Вкупна | 1.188,23 км2 (45,878 ми2) | ||
Надм. вис. | м | 56||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 215.180 | ||
• Густина | 1,8/км2 (4,7/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Поштенски број | 11401 – 11409 | ||
Службен јазик | шпански | ||
Мреж. место | jerez.es |
Градот се наоѓа 12 километри од Атлантскиот Океан, во комарката Кампиња де Херес, регион погоден за обработка на винова лоза, кој го создава познатиот Херес. Влегува во рамките на Мунисипиос де ла Баија де Кадис со метрополитенска област од над 650.000 жители. Некои познати места во градот се Алказар де Херес (маварска тврдина), црквата Сан Мигел, манастирот Херес и катедралата Сан Салвадор.
Од 1987 година, во градот со својата патека за мотоциклизам е дел од Гран при првенството за наградата на Шпанија на почетокот на мај.
Херес де ла Фронтера како и остатокот на покраината Кадис има суптропска–средоземна клима со океански влијанија, со многу свежи и влажни зими и долги топли до жешки и суви лета. Просечната годишна температура е 24 °C во текот на денот и 12° ноќе. Просечните годишни врнежи изнесуваат 598 mm, најмногу во периодот октомври-ароил. Декември е највлажен месец со 109 mm. Годишно има 54 врнежливи денови, 137 ведри и 2.966 часа сонце.
Клима на Херес де ла Фронтера (Аеродром Херес во близина на градот) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 15,9 | 17,5 | 20,2 | 21,5 | 24,6 | 28,8 | 33,0 | 33,1 | 30,2 | 25,0 | 20,1 | 16,8 | 23,9 |
Просечна температура (°C) | 10,7 | 12,0 | 14,0 | 15,4 | 18,4 | 22,0 | 25,5 | 25,7 | 23,5 | 19,1 | 14,7 | 11,9 | 17,7 |
Просечна минимална (°C) | 5,4 | 6,6 | 7,7 | 9,4 | 12,1 | 15,3 | 18,0 | 18,4 | 16,8 | 13,3 | 9,2 | 7,1 | 11,6 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 89 | 60 | 42 | 54 | 37 | 13 | 2 | 6 | 22 | 67 | 86 | 109 | 598 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 7 | 7 | 5 | 6 | 4 | 2 | 0 | 0 | 2 | 6 | 7 | 9 | 54 |
Сончеви часови (месечно) | 181 | 181 | 233 | 243 | 297 | 310 | 353 | 337 | 258 | 228 | 187 | 162 | 2.966 |
Херес де ла Фронтера е збратимен со следниве градови:
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.