Хелда
From Wikipedia, the free encyclopedia
Хелда[2] или обична хелда (науч. Fagopyrum esculentum) — растение кое се одгледува за зрнестото семе и како меѓупосев. Го носи и името јапонска хелда[3] за да се различи од сродната татарска хелда (Fagopyrum tataricum) која исто така се одгледува на Хималаите.
Кратки факти Хелда, Научна класификација ...
Хелда | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносеменици |
Ред: | Каранфиловидни |
Семејство: | Троскоти |
Род: | Хелда |
Вид: | Обична хелда |
Научен назив | |
Fagopyrum esculentum Moench | |
Синоними[1] | |
Список
|
Затвори
Растението е сродно со киселецот, троскотот и ревенот. Бидејќи семето се јаде, а не спаѓа во класично жито, хелдата се смета за псевдожитарка.
Одгледувањето на хелда значајно опаднало во XX век со воведувањето на азотни ѓубрива, зголемувајќи го приносот кај другите житни култури.