Хебрејски бројки
From Wikipedia, the free encyclopedia
Еврејски броеви — квази децимален азбучен броен систем кој користи букви од хебрејската азбука. Системот би преземен од грчките броеви при крајот на 2 век п.н.е. и истиот е познат под името еврејски азбучни броеви за да се разликува од претходните системи на запишување кои се користеле во класичната антика. Овие системи биле наследени од арамејските и феникиските записи од околу 800 година п.н.е. во т.н. Самариски остракони и понекогаш познати како еврејско-арамејски броеви, кои се пак добиени од египетските броеви.
Бројни системи кај разни народи и култури | |
---|---|
Индоарапски броеви | |
Западноарапски • Источноарапски | |
Бенгалски • Гуџаратски • Гурмухски • Деваганарски (Индиски) • Синхалски • Тамилски | |
Балиски • Бурмански • Ѕонгкански (Бутански) • Јавански • Кмерски • Лаоски • Монголски • Тајландски | |
Источноазиски броеви | |
Виетнамски Јапонски Кинески (Суџојски) |
Корејски Стапчиња Хокиенски |
Азбучни броеви | |
Абџадски Арјабатини Гиски (Етиопски) Грузиски Грчки |
Ерменски Кирилични Римски Хебрејски |
Други системи | |
Атички Брамански Вавилонски Глаголични Егејски Египетски Етрурски Инуитски |
Кипу Кхаростенски Мајански Муискански Поле со урни Праисториски Чувашки |
Положбени системи по основа | |
Десетични (10) | |
1, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 12, 16, 20, 30, 36, 60 повеќе… | |
Грчкиот систем бил усвоен преку хеленистичкиот јудаизам и истиот систем се користел во стара грција уште од V век п.н.е. [1]
Во овој систем, не постои ознака за нулата, и бројните вредности за поединечните букви се додадени една кон друга. На секоја единица (1, 2, ..., 9) и се назначува одделно буква, за секоја (10, 20, ..., 90) исто така се назначува посебна буква, и за првите четири стотки (100, 200, 300, 400) се назначува посебна буква. Останатите стотки (500, 600, 700, 800 и 900) се претставени како збир од две или три букви кои се користат за првите четири стотки. За да се претстават броевите од 1.000 до 999.999, истите букви се искористени за да служат како илјадарки десетици илјади и стотици илјади. Гематријата (еврејска нумерологија) ги користи обемно овие преобразби.
Денес во Израел, се користи децималниот систем од арапски броеви ( 0, 1, 2, 3итн.) во сите случаи (пари, старост, атуми на граѓанскиот календар). Еврејските броеви се користат само во специјални случаи, како на пример кога се користат еврејскиот календар, или означување на подреденост на спискок (слично на a, b, c, dитн.), и на наќин како што се користат римските броеви ана запад.